свој (прид.) - логика (имн.)

Од тоа не излегува дека човек со својата логика може да го создава движењето на логичките категории на „апсолутниот дух“, туку дека човечкиот разум, како една од појавите на „светскиот разум“ субјективно го открива „објективизираниот“ „апсолутен дух“ во природата или општеството.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Сега тој почна да ѝ зборува на Рози онака како кога се зборува со дете, кое за негово добро мора да прифати нешто, што според својата логика, не може да го разбере.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ми стана јасно дека, со мојата ноќешна забрзаност, по откривањето, во печатницата, на присвојувањето на Татковите сиџили, јас го бев завел овој сега вознемирен старец кој си имаше, дотогаш, своја логика и свој ритам во животот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)