свој (прид.) - литература (имн.)

Ако веќе ништо не можам да сторам за татковината, си мислев, барем ќе го зачувам правото на својата слобода, ќе ú го обезбедам правото на својата литература да не служи на никого и на ништо, освен на самата себе.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Штом ја преминав границата, цариниците на културата почнаа грубо да лепат врз мене идентификациски етикети: комунизам, Источна Европа, цензура, репресија, железна завеса, национализам (Србин или Хрват?) - истите оние етикети од кои во својата земја успеав да ја заштитам својата литература.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Додека бескрупулозниот Вулкански продолжуваше да дроби: „Откако почина непри­косновениот господин бр. 1 на сцената на релевантноста практично се наоѓа само С. Јаневски и можеби пар просечни писатели, не кој знае колку особени по својата литература колку по својата граѓанска ориентација сееднакво вредна среде едноличниот пој на руралноста што цвркоти како смрдеа *Слика која прикажува вулгарен, гротескен или карикатурален настан од секојдневниот живот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ако е за право, не знаеме политички јазик, немаме своја литература, што се вели, терминологија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во таа година Балзак објавува една од своите сто и повеќе книги (Чичко Горио), и со заслуга на Василиј Априлов во Габрово е отворено првото бугарско народно училиште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш, две години пред раѓањето на српскиот социјал-утопист Пелагиќ и две години по смртта на францускиот социјал-утопист Фурие, припадникот на движењето Млада Германија, Гуцков, проповеда во својата литература еманципација на жената напаѓајќи го црковниот брак; во Македонија, негде во Леринско, потурчени се сосила три девојки, четвртата е силувана и оставена на пченкарна нива со пресечено грло, и убиен е негде во Скопје поетот мечтател Селџик-бег, Турчин и заштитник на православната сиромаштија; мртов не ќе го види уништувањето на шумите на тој народец кога во Европа почнува засиленото садење на борови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во еден поран есеј, се обидов да ги покажам епските призвуци што лежат во основата на неговата доцна поезија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас живеам, си допуштам себеси да живеам, за Борхес да може да ја кова својата литература, и таа литература го оправдува моето постоење“. Чинот на пишувањето се појавува овде, ако не како должност, тогаш како нешто налик на мисија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во едниот тој вели: „Јас сум оној кој среде ноќта брои слогови, а во другиот зборува за себе како за “човек што мавта со единаесетерец“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Постојат два реда што го содржат ова согледување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)