свој (прид.) - курир (имн.)

Командантот му се обрати на својот курир: - Оди доведи два коња и нека дојдат уште двајца кои генералот ќе го пратат до... - сакаше да каже до границата, ама брзо се сети и доврши: - до одредиштето...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Откако уште еднаш се поврза со 18-та бригада и провери дали се обезбедени позициите од насоката Костур - Поздивишта, го праша својот курир: - Има ли нешто за јадење? - дури сега почувствува глад.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Значи, предлагаш да се движиме по оваа патека, нели? - тој покажа на картата и му се обрати на својот курир: - Ги знаеш ли овие места? - Како сопствениот џеб, генерале! - Имам и јас еден тукашен од Јановени. Тој, генерале, со затворени очи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)