По наредба на пашата: агите и беговите, кои вилнееја овде и им го загорчуваа и правеа неподнослив поминокот - не можејќи повеќе да живеат без зулуми, ги напуштаа своите кули и се иселуваа во други краишта.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Градот сѐ уште чекаше. Градот чекаше, со своите прозорци и црните опсидијански ѕидови, со своите кули што го допираа небото и куличките без знамиња, со своите нечекорени улици и недопирани кваки, без ниту едно парче хартија по улиците, без ниеден отпечаток од прсти на себе.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Летка не беше од оние жени, како мнозинството, кои својата кула на соништата ја градат од покривот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)