свој (прид.) - кревет (имн.)

Вие мажите сакате да мислите на своите жени како на асексуални суштества надвор од својот кревет.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
При отворена балконска врата тие се пакуваа, секој својата торба на својот кревет.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Зошто те интересира тоа? - праша Боге, прилегнувајќи на својот кревет и повеќе зачуден што ја гледа уште облечена.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Штом се плуснува на својот кревет, зборува како да си ја продолжува мислата: - А, вели, ретко некој излегувал од затворот?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Така му излегува, - промрморе и се помести да ѝ направи место, но Кате се врати на својот кревет.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Боге шеташе од преградата на бањата до вратата на балкончето, подготвувајќи се за спиење додека Кате лежеше на својот кревет, уште несоблечена и загледана во таванот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Уште еднаш филозофијата го завлекува светот кон својот кревет за да си направи детенце од неговите подолни работи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога небесните патници стасаа до прозорот, Снежана уште спиеше во својот кревет.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Во топлите летни вечери, кога низ отворениот прозорец навлегуваа стотина миризби на тивката летна ноќ, тој лежеше на своето креветче и гледаше во ѕвездите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Потоа, кога тој ќе станеше од креветот, грифонот го следеше до вратата од бањата, таму седнуваше на задникот да го почека и се враќаше по него трпеливо чекајќи да се увери дека стопанот безбедно си легнал во својот кревет.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Виде Филип Филиповски дека и отец Лаврентиј го видел тоа зло време, летајќи окован за својот кревет, како Филип што е заробеник на својот; виде Филип дека отец Лаврентиј виде сѐ и дека затоа сега трча кон манастирот крај Бело Езеро, да каже што видел, трча отец Лаврентиј и сѐ почесто паѓа по скржавите падини на испустена Македонија, и најнакрај, со првиот попладневен гром стигнува нестварен како виножито до брегот на Езерото.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Паѓа, паѓа отец Лаврентиј, тврда е земјата, топла пред летен дожд, и здивот е топол што ѝ го вдахнува тој.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Гаснат убавите очи на светецот загледани во најубавото, разбеснето небо, гаснат очите додека првите секавици го шаркаат намуртеното, разбранувано езеро.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој остануваше да лежи во својот кревет, неподвижен со часови, со денови, со недели, гризејќи ги марамчињата, престилките, и крпчињата кои ги имаше собирано под својата перница. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Седнав до неа. Ме препозна по дишењето, и ми рече: „Јас останав неизбањата.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го знаев тој нејзин обичај – да сонува на книгите кои најмногу ги сака.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дури тогаш забележав дека Паулина сето време седела на својот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека ѝ кажував зошто Зигмунд не доаѓа повеќе, Сара гледаше во своите прсти, а потоа раката ја стави под перницата на својот кревет, и оттаму ја изваде книгата која брат ми ѝ ја беше подарил неколку месеци пред тоа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стави на мојот кревет дел од своите алишта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Буди се,“ го слушнав во ноќта гласот на Клара. „Тишина е.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Седеше покрај својот кревет, и го средуваше куферот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Едно утро тој не стана од својот кревет цел ден.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На гостинот, мажот е во состојба да му го отстапи својот кревет, со се жената во него.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Камбанчето и ќускијата ги држеше во својот кревет како брачни реквизити.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Александар сакаше што побрзо да стигне до својот кревет.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Не ми беше донела среќа!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се чувствував крајно слаб како **** Рокет - име на затвор крај Париз (забелешка на преведувачот) Margina #21 [1995] | okno.mk 135 да сум боледувал.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Извади еден душек од својот кревет...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Опуштено живееше единицата со касарничка среде селото, веднаш под електричната централа додека една ноќ, неочекувано, не одекна страотен тресок од кој испрепалено војниците скочија од своите кревети.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се облекувам додека Моне спокојно дише во својот кревет, потоа се стрчувам да го фатам трамвајот „двојка“ што оди до Железничката, се симнувам пред станицата, купувам осминка со сирење и јогурт во син тетрапак од дрвената бурекџилница и со полни раце се упатувам кон првиот десен перон.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Божо и Параскева седат покриени во своите кревети, гледаат пред себе. Кристина лежи во аголот на скривницата со лицето свртено кон ѕидот. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Освен тоа, мајката Перса пред некој ден донесе единичен железен кревет со миндерче само за Пела, рече Не е ред оваа голема мома која ќе заоди на училиште да спие со мајка си! и беше заклучено со денот на заодувањето на училиште таа да спие во своето креветче од месингани цевчиња што светеа како злато.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
За четворицата навистина нема место во спалната.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Прекрасни петнаесет дена! Дома како дома: свој кревет, своја соба, сѐ на свое место, не попусто се вели, секаде е убаво, ама како дома- никаде. Најубаво е дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Единствено брат ми недостасуваше. Влегов во неговата соба: пустош.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Заспав веднаш и не сум ни забележала кога брат ми си отишол во својот кревет.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)