свој (прид.) - крв (имн.)

Тоа беше прв случај кога пред публика ја дадов својата крв, со асистенција на една медицинска сестра која наточи речиси две полни епрувети.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Борбениот повик нѐ вика и пламти во нас со духот на сите предедовци и со дуот на сите оние храбри синови што секојдневно ја пролеваат својата крв по затвори, логори или со пушка в рака.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сè најлошо, од своја крв, врз плеќи собрано.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Никогаш немаше искусено, или немаше сонувано, дека може целосно да апсорбира друго човечко суштество во своето дишење и својата крв.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
-Така, низ вените, низ коритото на својата крв, човекот со премногу тврдост, сам си создава киселини, кои во комбинација со храната, предизвикуваат разни хемиски процеси.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Гоце Делчев веќе немал време да реагара - само неколку дена по Орце, Коста, Мечето... и тој во Баница ја натопил македонската земја со својата крв, придружувајќи им се на младите велешани.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сите кои веруваат дека ќе бидат бесмртни преку она што го создале – сеедно дали се тоа децата што ги изродиле и кои преку својата крв ќе ја пренесат нивната крв, или пак тоа се уметнички и научни дела – сите тие ужасно се лажат дека така си ја обезбедиле бесмртноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Знај дека сето тоа е создадено во материја, и еден ден материјата ќе згасне, ќе исчезне.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но каков беше резултатот од таа војна? Русите и понапред војуваа со Турција и ги ослободија со своја крв скоро сите балкански државички.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да не сум јас одредена, таа крв, со својата крв да ја вратам, И си мислам, дали и мојот глас ќе се јавува, ноќе, во долот и ќе ги потплашува луѓето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Подоцна другите слушнале како пцуе, всушност без збор ја товарел двоколката и бил намуртен колку што бил и Онисифор Мечкојад пред да се изгуби од пред нивните очи и од синот со иста обетка на увото каква што била и неговата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И пак стрелал со своите четири пушки стискајќи секакви крпи врз раната и со матно сеќавање на мајчините прикаски за араратски осаменик што со своја крв поел некаква земја што можела да се протега и во Библијата и во Коранот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И како што гние арското ѓубре од свои внатрешни и болештини и топлини распаѓајќи се и станувајќи храна за пченичното зрно, да вивне тоа зелено, така и од дневниот спокој вивнувала увереноста дека ноќите се кратки за да се искожурчи од вековите измисленото чудовиште и да стаса до нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Носејќи ја сета бучава на својата крв в глава, сличен на подвижна карпа над која господари моќ на несопирлива вода, гледал само пред себе и сепак со секој чекор чиниш барал и каменот да му се истави од пат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не цимоли. Валканите раце не ќе си ги измиеме ни со своја крв. Слушаш ли како се смее?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Молитвата на Проказник не ќе ја повторам, не ја слушав и не знам кој копаше нов гроб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јован Стојче-Столетников праша: „Нели го запаливме?“ Јордан Шоп одговори: „Вие го запаливте, не јас.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стрелале и го прашувале дали сѐ уште сака да има деца, а тој, антав воин, со тешки зборови им одговорил дека ништо веќе не сака, дека е од нивна пушка крвав над коленици, жив за борба но без машкост за татковски соништа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На народецов не му се нужни старци, животот ќе го продолжат децата што ги купувам со своја крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сечи, синко, рекол, и носи им ја на јаничарите главава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со чувство на вина што не се простува, ноќта се распаѓала на резенки и претставувала уште само сенка на ридови и на ритчиња, премногу косопасни и соголени од чифлигџии и селски копуци за да минат запрегите низ шума или да се присокријат негде призраците на Самоиловата коњица, или на Крум или на Душан, или на кој и да е војувач на ова парче земја чиј народец го проретчувал кој како ќе стаса, најпосле врз неговата тиква да се струполи и топузот на Бајазитовите потомци, тој топуз да ги потурчува каменот, земјата и човекот со тапија потпишана одлево надесно и да граба од 'ржена слама машки деца - подоцна под сабјата на младите јаничари да дојде понекогаш родниот брат или татко, ни колачот ни закланиот да не знаат дека крвта пролеала своја крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не гледав и не бев сведок на мигот кога Симон Наконтик, сиот како зелен волшебник од мочуриште, си го џвакал брадулето и му раскажувал на долговратиот Лазар Аргиров, чиниш е на овој свет само затоа да ги проубавува грдостите, за судбината: тоа е сѐ, човекот во нејзините раце е орудие - коле и беси без совет и без знаење на својата крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се трга пребледа очекувајќи го советот на својата крв.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На чудесен начин сум ослободен од својата тежина, можеби сум веќе во некој друг свет без сомневања и без прастарата човекова навика со зло да го одржува животот на својата крв.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И покрај сѐ, во овие мигови ѝ недостасуваше некој свој, своја крв, на кого може да му верува.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ги почувствува во својата крв сите свои дваесет и пет зими и, не сфаќајќи како го бара својот спас, се завлече во касата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Одеше полеа осветлена до поткожа и тој виде многу ситни брчки околу нејзините очи и усни, ја виде крај човек по се сличен на неа и се сети на сите други што ги знаел, се сети и на втората Марија и претпостави дека не би имал топлина во својата крв ни за неа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше фатен во клопката на самиот себе, стиснат во црн преграб на својата крв, се повеќе исклештен во неверувањето дека навистина сака да отиде на една планина на чии рабови уште малку и ќе умре летото разјадено од ’рѓата на есента...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се заврте, Отец Симеон и не стигна да замавне. „Курвино семе“, рече фатен во заседата на својата крв. „Курвино семе.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Отец Симеон, менејќи се неочекувано, стануваше глув за тревогата на својата крв.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На чудесен начин сум ослободен од својата тежина, можеби сум веќе во некој друг свет без сомнение и без прастарата човечка навика со зло да го одржува во животот на својата крв.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Умешноста да се процени вистинската состојба по такви животни потреси е обично реткаи доколку некој располага со неа ја притајува во горчливото срце: ни совладаниот можеш да го утешиш ни на славеникот можеш да му ја укажеш потребата да се смири и да мисли на иднината, на луѓето и на земјата за која бил готов да полее и своја крв.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се трга пребледа очекувајќи го советот на својата крв.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Партијата не е заинтересирана да ја овековечи својата крв, туку да се овековечи самата себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да ја измеша својата крв со нивната.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се сети: во таа ноќ, кога се раздели со богословот, долго седеше и ја ослушнуваше врелината на својата крв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А само тој ја остави својата крв во неа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Ќе останам уште“, ја чу својата крв. „Има уште до полицискиот час. И ќе пеам.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се нишав, мислеше и течеше со својата крв, се нишав некогаш.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се насмевна мислејќи на својата крв: „Непознати цветови? Можеби си се излажала, Марија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа и го слушаше шумот на својата крв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И чу се глас сос фучање на воздух, и говори дјавол: „Ако си ти мати правди, не чини такваја неправда, о Владичице, да не ми земаш ового што ми се записал со своја крв.“
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
“ ПСАЛМ 2 Изучувајќи ги медицинските науки мене ме возбуди фактот дека човекот во својата крв има точно толку железо колку што е потребно за да се исковат доволно клинци за едно распетие.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Си мислам: секој од нас е некој иден Исус зашто со своја крв може да си го потпише своето исчезнување ПСЛАМ 3 Некогаш, среде сиот човеков неред имав спокојство да го наслушам и шепотот на плодот во мајката.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
И така мајкините и бабините најсакани гинеле за славата на Грција и вределе за Грција само тогаш, кога знаеле да пукаат, да убиваат други, да отстојуваат, со својата крв да ја величаат Грција.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)