свој (прид.) - контрола (имн.)

А најголемиот пајак кој ги имаше сите конци под своја контрола беше далеку, најмалку видлив, во скришното седиште на лавиринтот – пајажина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од тие причини, Британците со посебен интерес ги следеле добиените информации за формирање југословенско-бугарска федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британците биле свесни дека советскиот експанзионизам, започнат во годините пред почеткот на Втората светска војна со потпишувањето на договорот меѓу нацистичка Германија и СССР, ќе продолжи со ставање под своја контрола на балканските држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На 24 јуни припадниците на македонските безбедносни сили преседоа жестока акција.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во анализите на советскиот интерес во балканските држави, тие ќе истакнат дека Советите во Романија, по анектирањето на одредени територии кои тие ги посакуваат, ќе настојуваат да се постави "пријателска влада, врз која ќе можат, во голема мера, да имаат своја контрола".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Орвел решил овој бизнис да го стави под своја контрола, а со тоа да одлучи: што ќе пиеш, колку ќе пиеш и кога ќе пиеш.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Скопското с. Арачиново на 15 км од Скопје албанските бунтовници го ставија под своја контрола.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Според нивните анализи "комунизмот во Романија не постои и преовладува антируското чувство", но сметале и дека ако Романците ги одбијат Советите, имало голема можност крајниот резултат за Романците да биде уште потежок, односно "да состават влада која ќе биде потчинета на Советската".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)