свој (прид.) - книга (имн.)

Деструкциската уметност обврзува на критички согледби за прашањето на исчезнувањето. Jean-Francois Lyotard се бави со проблемот на исчезнување во својата книга Хајдегер и ‘евреите’, во којашто ја скова фразата „Заборавени“ за да ги означи оние услови што не се ниту „концепт ниту претставување, туку ‘факти’ како Factum (Кант)“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Иронијата беше во тоа што тоа се случуваше низ фокусот на еден гинеколошки инструмент, низ еден научен поглед кој му припаѓа на медицинскиот дискурс.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ова е многу далеку од викендашката традиција на работничката класа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
“ Маргина 37 31 Ребека Шнајдер во својата книга „The Explicit Body in Performance“ опишува како женскиот перформанс преку дословната, несимболичка присутност на голо женско тело на сцената ги разоткрива прерогативите на симболите преку коишто телото стои како замена за нешто друго.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во обете свои книги Сандерс зборува за терапеутските и спиритуални потенцијали на Е.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Деструкциската уметност ја претставува таа криза на неподвижност преку акција, настани и/или објекти, рекапитулирајќи ги условите, ефектите и процесите на деструкција коишто интерферираат со преживувањето и коишто биле потиснати од страна на епистемологијата на крајната култура.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој трагаше по вистинските извори, но колку што читаше од своите книги, посебно за козите, толку повеќе се одалечуваше од одговорите на животот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми продол­жи да трага по своите книги и по списите да ја допишува Историјата на империите на Балканот, низ нивните падо­ви.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А тој самиот си се познаваше добро: ако тргне по патот на козарите, ќе им се предаде со сета душа, ќе ги поведе, ќе им ги открие своите книги за козите, ќе се вклучи вистински во времето на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Одеше прво до своите книги, продолжуваше да прелистува, да бара, да пребарува во книгите, во сеќавањето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од поуките што ги извлекуваше од своите книги за падот на големите империи на Балканот, а падот на Отоманската империја и самиот го доживеа во Цариград, длабоко жалеше што неговиот живот, животот на неговото семејство, се совпадна со фашизмот, па сега и со сталинизмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дојдоа, велеше мајка ми, поитри луѓе, копаа, се обогатија, а татко ми остана и натаму со своите книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Слегуваше до дното на смислата на своите книги за козите и историјата на „третата империја”, па гласно размислувајќи рече: – Сега, во империјата на сталинизмот, место да се жртвува „главниот јарец”, се убиваат козите... – Да – потврди Чанга – ги убиваат козите!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мајка ми не можеше да разбере зошто татко ми и во оваа земја, во која семејството пушташе корени, и требаше да живее и со другите луѓе, останува до доцна во ноќта со своите книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По исчезнувањето на Чанга, татко уште почесто им се препушташе на своите книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но кога се населивме во куќата крај брзата река и кога започна, во овие повоени времиња, да нè измачува гладот, татко ми, без своја рода и блиски луѓе, со кои лесно се дели и последното парче леб, западнат во вечното читање на своите книги, сѐ повеќе личеше на некаков балкански Дон Кихот, кој не умее да најде никаков излез за семејството, на чии врати сѐ посилно тропаше гладот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За своите книги, тој ги има добиено наградите 11 Октомври, Рациново признание, Печалбарска повелба, Ванчо Николески и наградата Роман на годината за романот “Бунар“, номиниран и за меѓународната награда Балканика во 2002.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еден од италијанските писатели на програмата на тогашниот маниризам, Матео Перегрини, во својата книга Fonti del Ingegno (1650) пишува дека "идеите се нешта во okno.mk | Margina #22 [1995] 17 нашите гради".
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Забораваме дека имаме далечински управувач и дека на вториот канал еден македонски романсиер раскажува како се наоѓа среќен крај за својата книга.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Секоја Нова година е исто: на телевизија го гледаме традиционалниот концерт на традиционалната Виенска филхармонија.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Забораваме дека имаме далечински управувач и дека на вториот канал еден македонски романсиер раскажува како се наоѓа среќен крај за својата книга.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
И, што беше најзначајно за Татко, Иса-бег ги беше увакафил и сите свои книги.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Го исполни силно задоволство кога, со погледот, ги опфати сите свои книги. Сите беа тука.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Врз работната маса ги забележа неколкуте свои книги, списи, предмети, грубо преместени, без негово знаење.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ханс Вредеман де Врис цртал волшебни лавиринти во својата книга Hortorum Viridiari- orum Formae (Антверпен, 1583). Станува збор за тнр. Градини за забава, pleasure garden.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Овде во Америка, стискајќи ги во раката своите книги, својот единствен ID (кој, се чини, не вреди), ја чувствувам сета трагикомичност на EEW, етикетираниот источноевропски писател, кој своите несреќни татковини ги влече со себе како задолжителен багаж, што секако, дури овде е присилен да го влече.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Писателот, мислев, не смее да има ни Татковина, ни Вера, ни Народ, ни Народност, писателот не смее да служи на Институција и на Нација, ниту на Бога ниту на \аволот, писателот мора да има само еден идентитет - своите книги, мислев, само една татковина - Литературата (Каде ли сум го собрала тоа?) Исплашена од така моќниот аргумент како што е забарската дупчалка, му попуштив на својот забар и - ја напуштив земјата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Според таа претпоставка (за чии детали ве упатувам на својата книга), “moustiques domestiques” веројатно претставува магичен звук на кој, поради римата, целта му е да ни го сугерира дополнувањето кое е неопходно за вториот дел од реченицата: “Demi-stock de mystikue”, додека “la cure d’azote sur la cote d’Azur” упатува на воздухот како основен елемент на алхемискиот опус, благодарение на кој може да се заслужи „cote d’azur“ (Азурниот брег), т.е. Небото.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Наместо тоа, накусо ќе се задржам на едно дело, Anemic-cinema, во кое пронајдов нови битни елементи кои ги потврдуваат и понатаму ги развиваат претпоставките кои веќе ги наведов во својата книга, и за кои, ми се чини, дека ја појаснуваат (а како полезен извор им послужи делото на Атанасиус Кирхер /Kircher/) уметничката постапка на Дишан, кој е слободно инвентивен, но често е и строго насочен кон истовремено забавните и “длабокоумни” принципи на езотеријата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Кој бев јас да им кажувам на овие луѓе што и како да мислат?“ се сеќава на размислувањата во својата книга од 1978 година Science in a Free Society.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Само еден екстремен скептицизам во однос на науката - и отвореност кон другите модуси на знаење и начини на живот, колку и да ни се туѓи - можат да 96 Margina #4-5 [1994] | okno.mk ни помогнат да ја избегнеме оваа опасност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Уникатниот предмет содржан во вализе-то на Мата беше познат (од списокот што го објави Бонк во својата книга за “вализе-то”) но овде беше изложена за прв пат; оваа полуапстракција (13) направена од примероци од влакна од косата, од градите, од под мишките и од гениталната зона, аранжирани по вертикала со само една тенка линија што наговестува контура на тело, и неколку исто така бледи линии кои асоцираат на формата на пенис во ерекција. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 113
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Фаерабендовиот скептицизам се продлабочи во шеесеттите години кога сѐ поголем и поголем број мексикански, африканско-американски и индијански студенти започнаа да го посетуваат Беркли.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Една од најголемите простории на најгорниот кат на Палацо Граси беше искористена за изложување на Дишановото „вализе“ и голем број оригинални слики репродуцирани во оваа комплицирана и прецизна збирка, обесена по ѕидовите што го опкружуваат експонатот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Фаерабенд го изразува ова гледиште во еден парадокс во својата книга од 1987 Farewell to Reason: „Најдоброто образование е она што ги прави луѓето имуни на систематските обиди за образување.“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во својата книга од 1972 година, Мајка камп, која е иновативна етнографска студија за подражавачите на жени и дрег-кралиците во Чикаго и во Канзас Сити, Њутон забележува вака: „Еден од најзапрепастувачките аспекти на мојата интеракција со подражавачите беше нивната склоност да им се смеат на ситуации што мене ми беа ужасни и трагични“.162 ‌Како што признава самата, Њутн ја „збунило“ настраното прекршување на границата помеѓу жанровите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако отпрвин „геј“ го дефинира како нешто што ги опфаќа и „родовиот идентитет и сексуалната ориентација“, а и како нешто што се однесува на „маж кој е (истовремено) родово нетипичен (психолошки и можеби телесно андрогин или женствен) и начисто хомосексуален по својата ориентација, ако не и практика“ (13), па иако неговата конечна пресуда ги дефинира геј- мажите како некои што се „невообичаено устроени и според родовиот идентитет и според сексуалноста“ (263), тој заклучува дека неговото „разгледување на природите на геј- мажите всушност се однесува на родовата ориентација, а не на сексуалната ориентација сама по себе“ (262, курзивот е мој).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сето тоа ме наведе да се запрашам: Ако од стрејт-мажите се разликуваме само по сексуалната ориентација, а не на некој друг суштински начин, зошто ja откривам оваа претежност на геј-мажи што биле видливо настрани уште од детството, обично со години пред да им започне сексуалниот живот? (ix–x) Ваквото размислување го наведува Фелоуса на заклучокот дека „гејството подразбира многу повеќе од само сексуални партнери и практики“ (262).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во својата книга за културната историја на „жените што го создадоа Холивуд“, тој со неколку брзи потези ја исцртува состојбата во која се нашла Крафорд во доцниот период од кариерата и создава слика богата со импликации за прашањата што се обидуваме да ги одговориме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тогаш, кога најпосле сфатив дека тоа што го гледам е можеби одлика на геј-детството, ме заинтересира овој тренд на родова нетипичност...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој благонаклонето цитира една забелешка што Џон Клам ја изнесува на почетокот од својата книга за музичкиот театар и машката геј-култура – „Според мене, суштествувањето како геј има исто толку врска со посветеноста кон некои видови култура, колку што има врска со моите сексуални настроенија“ – навидум прифаќајќи го благо отфрлачкиот и леко омаловажувачки став кон сексот што провејува во Кламовата употреба на старинскиот збор ‘настроение’ кога зборува за хомосексуалниот избор на предметот.334 За Фелоуса, „геј“ не е синоним со „хомосексуалец“ и никако не треба да се сведува на тоа (13).335 ‌Онака заинтересиран за „некои од особените димензии на машките геј-животи кои ја надминуваат сексуалноста сама по себе“ (x), за „несексуалните димензии на природата на геј-мажите“ (243), Фелоус доследно ја ублажува важноста на сексуалноста, сметајќи ја за едно од „најнесуштествените нешта“ според кои геј-мажите се разликуваат од стрејт-мажите – односно, ја смета само за знак на подлабока разлика, која мора да има врска со особеноста на „геј-сензибилитетот“, сфатен како „суштественa страна на човечката природа“ (262).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За тие денови генералот Зафиропулос во својата книга “Антибандитската војна 1945-1949”, на страница 619 запиша: “И така маневарот на IX дивизија целосно не успеа, оставајќи на бојното поле 354 убиени само од 41- та бригада.”22 Полека возам по раскопаната калдрма и кога излегов од сенките на високите и разгранети дабови, пред мене се отвори простор легнат во крш од камења.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И затоа од секоја страница на својата книга за Мојсеј, брат ми како да крикнува: „Ни тој ниту пак јас сме Евреи; јас сум, како и тој, самороден водач и пророк!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Вечерта на оној ден кога нашиот брат засекогаш замина од Виена, моите сестри тивко зборуваа дека сега е најважно тој од Лондон, со помош на своите пријатели, што поскоро да ни овозможи да заминеме и ние.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој ги собирал „шарките и белезите од животот... закачени и виснати како избледени панделки и крпчиња по глоговите, по плотовите“ - речено со зборовите на баба Ристосија од Горно Село - но паралелно со тоа трагал по онаа единствена заедничка приказна на човештвото со која и ја отвора својата книга: „Некаде, некогаш, од некого, бев прочитал и запаметил дека човештвото низ вековите во милион варијанти раскажува ист расказ“ - гласи првата реченица од првиот расказ на книгава (Ноќта спроти Свети Никола).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Серл го завршува овој дел од својата книга со една расправа за следните три тези за свесните состојби:
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Холанд ја заклучува својата книга илустрирајќи како англо-американските феминист(к) и можат да користат (пренапишат) некое француско феминистичко дело за да создадат женска философија.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во својата книга „На актерството“, Лоренс Оливие раскажува една случка од животот на Ирвинг која говори за определбата и посветеноста на професијата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Големиот Немирович-Данченко во својата книга во која ги запишал сеќавањата од времето на создавањето на Новиот театар за улогата на публиката вели: „Критичарот Василев-Флеров зборува дека публиката никогаш не е виновна.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И сѐ такви некои писма им читал од своите книги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Лесновчаните го благословиле зашто им пеел во црква на туѓ и неразбирлив јазик.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Многу романи го содржат “дом” во својот наслов: “Куќа на смеата”, “Проблемите на една куќа”..., но ниту еден не е толку исполнет со емоции како насловот што Suzan Cheeve ѝ го даде на својата книга мемоари “Дом пред мрак”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За ова нешто, што ги ставил и нив, жителите на Потковицата, во својата книга, војводите многу му беа благодарни на Ѓурчина и на неговите потомци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ги затворивме и ги оставивме за час своите книги, за да проговориме самите за својата работа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како што може да се види од краткиот опис на секоја глава, Бранислав Саркањац во својата книга зафаќа широка лепеза на проблеми поврзани со меѓусебниот однос на идеологијата и поединецот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како што смета авторот, ако на почетокот од последниве два века (за кои слободно може да се каже дека се во знакот на борбата помеѓу идеологијата и поединецот) бил посилен аспектот идеологијата против поединецот , со постепеното ослабување на врската на поединецот со општеството доаѓа до сѐ поголемо засилување на аспектот поединецот против идеологијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Климент Камилски слушаше за прв пат во земјата мислење за својата книга на животот, која во неговата родна земја беше забранета и единствениот примерок од Универзитетската библиотека беше предаден во полицијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, за разлика од Камилски, го поврзуваа други асоцијации и идеи со тврдината, која ја имаше постојано пред своите очи кога беше на чардакот, најчесто со своите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко само се насмевна на комплиментот и потем го воведе Камилски во царството на своите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ја споделуваше со своите книги својата голема среќа дека на Балканот го пронашол својот вистински собрат по книги, со кого можеше да го сподели чувството на триумфот во поразот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да се уништи една библиотека, му велеше Татко на Камилски гордо загледан во своите книги, значи да ја замолкнеш историјата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко понесен од овие идеи од своите книги за јазиците, влегуваше скептично во новата мисија, за разлика од Климент Камилски, кој веруваше дека опасните османизми, не само што ќе ги ослободат балканските јазици од непотребната агресивна конотација на некогашната Империја туку ќе отворат и простори да се откријат зборови и кованици за нови значења.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За него тврдината беше и граница во неговиот балкански егзил со семејството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски се чувствуваше како господар во лавиринтот од своите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко откриваше во своите книги во кои Мајка не можеше да проникне, дека лавиринтот го симболизира светиот пат преземен од душата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но се случуваше и во доцните ноќи, кога сите беа заспани, а само Татко, останат буден крај своите книги, да се слушаат необични звуци, во куќата, крцкање како говор што доаѓаше од неодредено место, во времето коешто Татко не успеваше да го протолкува до доцна во ноќта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Всушност, самиот лавиринт можеше да се смета за жива слика на балканските граници од кои постојано настојуваше да го најде излезот, најчесто барајќи го во своите книги!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XXXII Татко обично пивнуваше претпладне чашка ракија пред да започне да работи на чардакот, опкружен од своите книги, а и навечер канче ракија со мезе што му го подготвуваше Мајка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во Козар Маало, блиското Пошта Маало и околината, живее во разбирање, пријателство, солидарност, притекување на помош, делење на заедничкиот леб на сиромаштијата на повоените години цел еден мал свет, на стравот од неочекуваните упади на власта: побројните Македонци, Албанци, Турци, Срби, Унгарци, Руси, Грци, Бугари, Хрвати, Французи, Ерменци, Евреи, Власи, Роми и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски со насолзени очи му ја даде својата книга на Татко од која не беше се одвоил повеќе од дваесет години.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пол Фехтер, напротив, 1914 г., во својата книга „Експресионизам”, поимов го ограничил на германските современици за коишто сметал дека треба да се посматраат во контекст на една специфично нордиска, метафизички обоена и вонвременска уметност.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Својата книга за Историјата на Балканот низ падовите на империите ,ја пишуваше Татко со својот живот, до неговите последни дни, како дел од својата постојана стратегија во својот живот - како да се спаси семејството, децата, во меандрите на непредвидливата балканска историја, како еден вид отворен аманет како и каде да се продолжи неговата историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во времето кога Мајка ги дочитуваше Татковите и своите книги, посебно книгите за животот на Мајка Тереза, во северниот и во средишниот Балкан пламна братоубиствена војна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Зар беше можно да го заборавил, кога убаво го издвои од другите свои книги, ракописи? Го обзеде немир.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Рано в мугри и доцна во ноќта, на светлината од жолтата ламба која си ја донесе дури од Цариград, ги читаше своите книги и размислуваше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка си живееше со реликвиите на својата мала балканска митологија којашто Татко, на еден друг начин, ја бараше во своите книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Многу размислуваше кога се разделуваше за прв пат од своите книги, кои да ги земе, а кои да ги остави.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка си ја дополнуваше својата книга за мртвите и за живите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Уште при последната преселба, кога се вселивме во оваа куќа крај реката, Татко реши своите книги да ги смести во малото одајче крај чардакот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка ја беше оставила отворена, пред да замине засекогаш, својата книга на животот, каталогот Ла Ринашенте за италијанската пролетна мода од 1949 година, која успеваше да се носи со сите Таткови книги, да ја одржува рамнотежата со нив.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во еден период, побарав од Мајка да ми го средат тоа сопче и јас тука да учам и да си ги чу­вам своите книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се случуваше и други вечери Татко да донесе некоја од своите книги како убав повод да го продолжи разговорот со Мајка на чардакот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тие почнаа да се исповедаат пред своите книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, обземен од значењата на своите книги, до кои допираше по деноноќното читање, размислуваше, без по­­­­из­ра­зи­то чувствување на семејното време, на динами­ка­та на нашето растење, понесен со некакви метафизички изле­зи за кои веруваше дека му ги откриваат само книгите, чи­тајќи ги често и со променлив распоред.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На своите книги, Татко гледаше како на стари друга­ри кои го напуштиле, ги истрошиле своите значења, едно­ставно започнале да умираат една по друга.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој сега беше најмногу со своите книги кои ги носеше сиот живот со себе, минувајќи со нив низ империи и војни, низ забрани и прогонства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, сепак, не престана клучот на мистеријата да го бара во своите книги, во единствената балканска институција врз која можеше да се задржи минатото, целото минато, освен во сеќавањето на народот, преку митовите и легендите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Потем успеваше на своите книги да им го наложи среќниот распоред, како противтежа на нашиот егзил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во годините кога Татковата болест и немоќта поради староста го намалуваа маневарскиот простор за неговите големи балкански пориви да го води своето семејство, со кормилото на судбината, кон исток или кон запад, но и поради закоренувањето на постарите синови, со нивните семејства, во овдешниот живот, Мајка небаре се чувствуваше задолжена да ја преземе грижата не само за Татковото здравје, кој остануваше опкован со своите книги, туку и за стратегијата за натамошното спасување на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се подготвуваше за некаков празник на своите книги, чие значење го разбираше само тој.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Со денови се подготвуваше за средбата со Игор Лозински и неговиот соработник среде своите книги.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таткото, внесен во своите книги и во своите географски карти, постојано само мисли како да го најде и да го следи патот на јагулите кога во истовреме шепата на тоталитаризмот ги покрива Македонија и Албанија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И во тие мигови кога Татко беше силно возбуден, се прикрадуваше несетум во својата библиотека. Се смируваше крај своите книги.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко во тие денови, очекувајќи ја посетата на Игора Лозински, како никогаш дотогаш се внесе во своите книги и ракописи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Додека зборува, полека ја кине својата книга.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Се враќа на своето место, ја зема својата книга.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Кртот доаѓа со својата книга до Курта.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Кртот ги собира своите книги на куп.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Бев бескрупулозен. Со својата суровост и крволочност се обидував да корумпирам и узурпирам.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Така и г-ѓата Белок-Лондис ја пишувала својата книга.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дури и не е воопшто важно дали чичко Раде ги читал сите свои книги.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сепак, за творец на хепенингот се смета Алан Капров, еден од уметниците кои учествуваа во работата на Кејџовата класа во New School For Social Research (1958...).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
4 Една содржина силно ме преокупираше, уште тогаш структурирајќи цел еденпростор од прашања и толкувања: имено, пишувањето помеѓу литературата, филозофијата и науката.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Посебен, поинаков и посамосвоен облик на театар претставуваа различните форми на наслојување на повеќе поединечни, самостојни дела поврзани со некој заеднички елемент на структурата (најчесто со ритмот).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се граничи со чудо тоа дека овој човек наполни 80 години: William S. Burroughs, најгневниот американски поет, навистина ги доживеа ексцесите од своите книги. Burroughs, грозен junkie поет. Burroughs, бизарен кум на рок андерграундот. Burroughs, непријатен пензионер кој сега ги снабдува новите хип-хоп клинци со остри текстови. Burroughs okno.mk | Margina #11-12 [1994] 5
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во својата книга Cirkonfesija многу го наведував и се обидов да домислам што во таа вистина е бунтовничко во однос на филозофската вистина - вистината на поклопу­вањето или откровението. 41968 година предававте на Ecole normale, лулката на немирите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Предавањата во училиштето за Кејџ беа начин да се направи себеси достапен на сите коишто сакаа да работат со него. (На сличен начин, издавањето на своите книги тој го објаснува како доследно спроведување и проширување на тој принцип кој неговите искуства ќе ги направи достапни до поголем број почитувачи и следбеници).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Немав чувство дека учествувам во голем прелом.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Времето е скапоцено. 4Во својата книга Cirkonfesija споменавте дека имате уште едно име - Elie. 4Да, и тоа не е запишано во матичните книги, не знам зошто.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Производите за кои вие сте одговорни и компанијата на која ~ служите станаа денационализирани“, вели деловниот стратег Кеничи Омае во својата книга „The Borderless World: Power and Strategy in the Interlinked Economy“, (New York: HarperBusiness: 1999). 49
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ако политиката, во своите програми, пишува Никола Ковач во својата книга Европскиот политички роман, се нафрла против жртвените јарци, дисидентите, класните непријатели, рлатениците од странство тогаш тоталитарниот режим не се двоуми пред масовните уништувања: од Шоа до Гулаг.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Нешто за тоа ни раскажа Велс во својата книга за горостасите, исто така и Бернард Шо во “Back to Methuselah”.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Последно прибежиште, извор на енергија за премостување на сите противречности ќе најде во својата библиотека, во распоредот на своите книги, во менталниот поредок на нивните значења.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Успевајќи во својата книга да ја реализира оваа висока цел, авторот може да биде задоволен од себеси зашто со ова дело се дава неспорен придонес на современата мисла и книжевности во Европа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко, како во лична аскеза, постигнуваше комплексно читање на своите книги што, на крајот завршуваше и како целосно владеење со себеси, во слегувањето по спиралата на својата човечка суштина, успевајќи моќно да се спротивставува на силите на наметнувањето, на агресивните налети на балканското варварство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мајка уште кажуваше дека Татко, пред исчезнувањето, неколку пати го менувал распоредот на своите книги, ги доближувал до одговорите кои ќе ни се наложат како неопходни во времето кога него ќе го нема.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа беше јасен показ од грани­цата помеѓу животот и смртта за сите нас, неговите потомци дека најмногу се оставил во своите книги и неговото сигурно продолжување можеше сигурно најмногу да биде низ нив...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Само пред неколку часови беше тука, со сите нас, до Мајка, крај сите свои книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но Татко мораше да се врати на Балканот. Се препушти на судбината на своите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Влезе во библиотеката на Филозфскиот факултет столчен и избезумен: водата допираше до колена, стотици книги гниеја и се распаѓаа во матната течност, а надвор Вардар допрва надоаѓаше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од овие причини, откако според мислењето на владарите од наша крв со другите владари и почитувани од нашето кралство и другите важни и угледни лица од државниот совет што беа присутни, добро и совесно ја разгледавме и проучивме цела работа, со оваа изречена, прогласена и наредена конечна и неотповиклива одредба изјавуваме, прогласуваме и наредуваме:
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мојот пријател и колега Џефри Хартман во една своја книга зборува не само за чување на текстот (што е наслов на книга), туку ја завршува книгата со извонредното размислување за зборот како рана кое јас би го насловил критичарот како врач. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 22
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Надвор врне снег, зима е како никогаш дотогаш, народот е исплашен од вестите за крајот на светот, а во топлата кафеана “Балкан” Филип Филиповски потонува, крај чаша црно вино, во длабоки размисли: мисли на своите книги и на страшниот сон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во оваа прилика, кога се работи за мошне важна работа што вреди добро да се разгледа, откако ги прегледавме книгите на жалби на нашите католички поданици и откако им дозволивме на своите поданици на споменатата вера, што се прогласува за реформирана, преку своите пратеници да ги соберат и да ги посредуваат своите книги на жалби и да ги соберат сите свои забелешки, и врз основа на тоа со нив повеќе пати ги споредивме и ги прегледавме претходните одредби, оценивме дека е сега потребно да се даде за сите заедно на сите наши поданици општ, јасен и сѐопфатен закон, со којшто ќе бидат уредени сите спорови што до сега се појавиле меѓу нив и ќе се појавуваат и понатаму, и со којшто ќе биде можно да се задоволат и едните и другите, колку тоа во дадените околности ќе биде возможно. што се однесува до нас, поради тоа што оваа одлука ја донесовме само од желбата да му служиме на Бога и со намера сите наши поданици и понатаму да можат да го почитуваат и да склучат меѓу себе цврст и траен мир, понизно ја молиме Margina #32-33 [1996] | okno.mk 93 Неговата божја милост за еднаква заштита и наклонетост, што секогаш видно ја доделувал на ова кралство од самото настанување и сите овие долги години што ги достигнало, и да им наклони милост на нашите поданици, за добро да разберат дека почитувањето на оваа наша одредба (по тоа што е нивна должност кон Бога и кон сите) е главен темел на нивната врска, соживот, мир и спокој и повторното уредување на целокупната држава во првобитниот сјај, изобилство и моќ.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На 17 октомври истата година, престана да свети сонцето за Филип Филиповски.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како од наша страна ветуваме дека ќе сториме сѐ за нејзиното почитување и нема да дозволиме да биде било како кршена.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Хартмановото вложување во романтизмот е премногу големо за тој да не се чувствува загрозен од Дерида.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неколку години потоа гостував во десетина училишта низ Источна Србија и во разговор со учениците дознав дека една од нивните најчитани книги е “Русото перче“, односно “Прва љубов“ како што подоцна својата книга ја преименувал авторот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Имате желби да летате, да патувате, да бидете сакани, да ви се живи и здрави тато и мама, имате желба убаво да се облекувате, да имате свои книги, имате желба да бидете добри ученици, да имате добри другари и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Воопшто не ме мрзеше да станам и да проверам како Братољуб го објаснува во својата книга чудниот збор табу.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Христо Силјанов ко својата книга “Освободителните борби на Македония“ (том I, София 1933) им дава достојно место на гемиџиите и на нивната акција и за првпат одделно се задржува на последиците од Солунските атентати.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)