свој (прид.) - каталог (имн.)

Така, откако Мајка беше конечно уверена дека пове­ќе никогаш нема да си го најде својот каталог, ние, децата, се вдадовме во потрага, макар што бевме убедени дека го нема, но не сакајќи да ѝ одречуваме на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка си го имаше само својот каталог.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Па тоа е правец кој... кога сега би го дополнувал Дневникот, мислам дека би одел во тој правец: да се обидам, како порано, да ги истакнам револуционерните достигнувања, а во исто време да се обидам да ги истакнам и неиздржливите видови, статус кво...  К: Денес постојат две компании за плочи, едната во Милано, а другата 56 Margina #10 [1995] | okno.mk овде во Њујорк, кои во своите каталози ја поврзуваат од една страна популарната музика а од друга авангардата, и се обидуваат тие музики да ги соединат кај иста публика, истата млада публика.  Б: Дали тоа овде е “Томато”?  К: Да.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
XX Мајка, загледана од чардакот во солунските галеби кои повторно се враќаа и застануваа на малото островче на реката, продолжуваше да го прелистува, по којзнае кој пат, својот каталог на италијанската стоковна куќа Ла Ринашенте, од пролетната мода во Италија, во 1949 година.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сега Мајка требаше да ја дополни вистината на своја­та книга–метафора, на својот каталог Ла Ринашенте, со која ја одржуваше рамнотежата со сите Таткови книги, собирани, распоредувани и читани во функција на страте­гијата на спасот на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка, кутрата, при последната преселба, го загуби својот каталог.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Како што Татко си ги нижеше зрната од својата килибарна бројница во вечен круг, така Мајка го прелистуваше, од почетокот до крајот, својот каталог Ла Ринашенте.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)