свој (прид.) - карактер (имн.)

Спротивно на својот карактер, спротивно на своите вообичаени султански постапки и навики, многу време изгуби со него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тука е потребно да го повториме она што беше кажано порано, имено дека станувајќи постојана, војната го промени својот карактер.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Конститутивна моќ
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Концепцијата на Фуко (1980), беше дека модерната моќ е конститутивна или „позитивна“ по својот карактер и ефектите, а не репресивна или „негативна“, не е моќ која се потпира на забрани и ограничувања.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Месопотамискиот универзум - бидејки не бил составен од мртва материја, бидејки секој камен, секое дрво, сѐ што е појмливо во него, било доживувано како волево суштество со свој карактер - „... се базирал на авторитет; и неговите членови, намерно или автоматски се покорувале на редот кој наметнувал соодветно дејствување.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Навистина, еден или двајца од нив имаа елементи на поезија, во начинот на дотерувањето и во своите карактери, кои повремено се откриваат во сликовити фази, со свежа и оригинална реакција кон нешто.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од таа вечер Мигар го измени својот карактер.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тогаш и се ожени за неговата прва љубов од неговиот крај, една убава мирничка девојка, токму спротивна по својот карактер од неговиот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Нема што, тој имаше нешто константно во својот карактер.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А просто ми е незамисливо и несфатливо како е можно тоа, децата што по својот карактер, по својата животна радост се слични на птиците, да им бидат непријатели на овие убави суштества.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
3.  Медијација е начин на решавање на спорови во кој страните спорниот однос настојуваат да го решат на мирен начин со помош 51 на еден или повеќе медијатори, кои на страните им помагаат да пос­ тигнат заедничко прифатливо решение; медијатор е физичко лице кое ја спроведува постапката за медијација согласно со начелата за медијација; постапка за медијација е посебен вид на постапка која по својот карактер е доброволна, ефикасна, брза и евтина страна во постапка за медијација е физичко или правно лице кое учествува во медијацијата и чија согласност е потребна за решавање на спорот и Комора на медијатори е организација на медијаторите која ја унапредува медијацијата и го организира работењето на медијаторите (чл. 2, ЗМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За асоцијациите на работниците и на работодавачите види повеќе во научно-истражувачката студија на д-р Здравко Савески, м-р Димитар Апасиев, Александар Ковачевски и Кире Василев: „Обезвреднување на трудот –  Анализа на трудово- правната легислатива во периодот на транзицијата“; Движење за социјална правда „Ленка“, Скопје, 2010; стр. 47-50.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)