Ние - беше нешто премногу конкретно и нешто сосема нестварно, истовремено, организам кој нѐ препознаваше и во кој се препознававме, оти тоа, всушност, бевме ние, судбина наша и на многу други кои секојдневно се заплеткуваа во пајажината што ни стана порок и заради која како инсекти се заробувавме самите себе станувајќи му плен на црното страшило кое упорно чекаше во дувлото да нѐ зграпчи со своите канџи.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Болеста како ловец веќе го имаше пленот во своите канџи и само таа одлучуваше кога ќе го зададе последниот удар.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Мачорот отиде до прозорецот под мрежестата ограда и ги вкопа своите канџи во истрошениот дрвен страничен ѕид.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Пргава и сигурна шепа ги зари своите канџи во нејзината слабина додека беше наведната над растението.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)