Ги претера и му ги предаде на Јована, а овој по својот канал, ги наврте долу Сабоцко, Ливадица, та некои продаде во Воден и Солун и половината пари му ги даде на Толета или Митра, кога Толе не беше во Полчишта.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Иако сум вторпат во Амстердам, ми се чини како прпат да влегувам во холандската метропола, која со своите канали личи на Венеција и која во Холандија, и во светот, е прочуена со музејот на Ван Гог, со Државниот музеј, каде што се среќаваат платна од фламанската школа, при што доминираат Рембрант и Рубенс...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
По војната градот имаше и конзулати кои по свои канали ја ширеа вистината за времето на козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)