свој (прид.) - кабинет (имн.)

Најпосле, дојде време директорот Мирон Донски да го повика Татко, за прв пат, во својот кабинет.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
V Другарот Чапаев се врати замислен во својот кабинет. Секретарката го потсети на другите обврски.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Често во својот кабинет на разговор ја повикуваше Азра, курвица со широк радиус на дејствување.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Лудиот премиер повторно го демолирал својот кабинет - ќе стои на третата страница од дневните весници...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Утредента, тој ја повика во својот кабинет.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тие, информациите од своите политички и воени претставници на Балканот ги примале во своите кабинети во Лондон и по нивната анализа и врз основа на претходните сознанија за одделни земји од Балканот ја креирале британската надворешна политика, која им била подредена, пред сè, на британските интереси.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Иако при крајот на 1944 година не можеле да проникнат во суштината на разговорите меѓу Југославија и Бугарија, сепак, претпоставувале дека меѓу нив се одвивала активност која во себе содржи две непознаници: формирање на југословенско-бугарска федерација и во рамките на тоа отворањето на македонското прашање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Овој доктор Миха не излегуваше повеќе од својот кабинет - ни по театарските бифиња ни по писателските или новинарските клубови ни по маалските кафулиња, па дури престана кога доаѓаше на работа на едно место да си зема четврт бурек а во друга бурекџилница уште четвртинка со чашка јогурт.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во секој случај, доктор Миха, само по своја волја, седеше заклучен во својот кабинет.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Откако ќе го примеше одредениот број нови болни и ќе ги одбиеше во амбулантата веќе примените, се затвораше во својот кабинет со  што на вратата ќе ја обесеше таблата дека докторот е зафатен со научна работа; таблата испишана со негов ракопис, односно ногопис, а каква научна работа - тоа ни ректоратот не знаеше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Беше петок попладне, време кое тој го минуваше во ритуално чистење на антиквитетите во својот кабинет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од малку нешто прочитаното за историјата на работничкото движење, од малкуте книги во својот кабинет, се обидуваше малку од малку да разбере како можат селаните веднаш да станат работничка класа, и тоа од обични козари, овчари.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Значајното лице беше во својот кабинет и разговараше многу весело со некој си неодамна пристигнат стар познајник и другар од детството, со којшто се немал видено неколку години.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во тој миг му најавија дека дошол некој си ×евларски.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)