свој (прид.) - интуиција (имн.)

„Ти реков дека е маѓепсан од неа“, беше сигурна тетка им Роска во својата интуиција за намерите на негувателката и веќе правеше нови договори на адвокат за наследници.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Верував на својата интуиција, нема бегање од судбината.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се обидуваше според својата интуиција, која никогаш не го напушташе, да му дава друго, дополнително значење на обичниот природен феномен: долетувањето на галебите, по стотини километри низводен лет, за да стигнат кај други луѓе, во друга земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Со цел да ја изострам својата интуиција станав поредовен по своите психо-вежби.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И, најпосле, донесе одлука да оди во Судот. ѝ се препушти на својата интуиција.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)