свој (прид.) - идол (имн.)

Малата Колин изгубена меѓу бројните фељтони за Битлсите, со мноштво нови, непознати детали, меѓу изјавите на бившите, дотогашни, идни претседатели на САД за „неочекуваната и голема загуба“, изгубена меѓу урамените фотографии, амблеми, привезоци, постери, маички со Џоновиот лик, меѓу „give peace a chance“ меѓу пет луксузни стана се вкупно 25 соби во хотелот „Дакота“, меѓу неваботениот дојденец од Хавана, кој шест часа пред да го убие својот идол, ја добива од него последната лонг-плејка со автограм.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Маргина 34 103 Две години подоцна, Кит, во соработка со својот идол и ментор, Вилијам Бароуз, создаде монументално дело, Апокалyпсе, кое се состои од дваесет свилени екрани поезија и инспиративни цртежи кои го слават крајот на Христијанскиот милениум и почетокот на новиот паганизам.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И сето тоа проследено со разни снимки на тинејџерки што вриштат и плачат по своите идоли.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Но, поважни се човечките вредности. На поединецот му е овозможено активно да го оствари она што го гледа кај своите идоли на телевизија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога разбрануваната маса во Ефес конечно се смири, не заради верата во Бога, туку заради стравот од Рим, повторно, по којзнае кој пат омален со духот од тага поради тесната врата кон Спасението, која слепоста на неговите браќа ја заклучуваше и ја замандалуваше со своите идоли од злато и од сребро наместо да ја отвора со својата љубов, тој повторно замина за Македонија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)