Гледал низ разбранетост на златни и зелени риги кон купот секакви глави, кон очите во кои животот со свој знак го обележил најтемното во човекот, суровоста, алчноста, себичноста, или само му се чинело дека гледа и дека знае колку им тежи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го покрил челото со дланка. Искинатите зборови без значење му замирале в грло, замреле, стивнале со танок писок.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тука престанува сѐ. Лежи и гледај го небото, својот знак на бик и не сметај се за измамен.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Единицата регистрирајќи го дава, со својот знак не се сместува во знакот два.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)