свој (прид.) - знаење (имн.)

Пискулиев наоѓа извесно задоволство во оваа примена на своите знаења, зашто тој е свесен и за една основна слабост своја како специјалист, што толку му се одмаздувала на испитите: тој ги памети многу добро сплетканите латински имиња, а не може да каже нешто сосем просто, не може да мине кон примената.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Татко беше тивок, стрплив, методичен, но тешко успеваше да го преточи своето знаење на македонски јазик, којшто не го владееше толку добро.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Чувствувам, ѝ рекол (седнати на брегот, во бескрајниот круг на ноќта, со водите пред себе, кои се мрешкаат под ѕвездената милувка, притаени, но живи): - „Она што го сметав за свое знаење – прочитаните мудри книги, од чии страници ја учев наизуст вистината, долгите дијалози и монолози со умните пријатели, сето тоа – не ми помогна да ја предвидам твојата едноставност.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Саво, не е тоа тоа. Јас отсекогаш посакував своето знаење да го пренесам на други.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Подзамижал, во себе се скрил, се засолнил, се замислил, го собрал своето знаење во зрно, во јадро, кадро да експлодира со невидена енергија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Мал во своите знаења.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И со векови, чекор по чекор човекот растел во своите знаења.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
За да се донесе едно малечко камче од Месечината, илјадници научници ги вложиле своите знаења, а илјадници работници својот труд.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- Ете, си рече Јосиф, и меѓу самите жени има родова подвоеност - па правејќи се малку важен со своето знаење, во некој марксистички манир, додаде: - Сите жени работат за пари, само некои тоа го прават чесно!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Читајќи ги очајот во очите на сонародниците, омразата во очите на домородците, тој уште поупорно ја тренираше својата издржливост, го зголемуваше своето знаење.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
- Да... само забораваш дека потоа наиде и онаа Стојка, или Стојна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ти го тврдеше тоа или само се поигруваше со своето знаење за да ме спасиш од гилотината и тоа со единствена цел да можеш сега вака да ме навредуваш?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Но, да знаеш, каратистите се луѓе кои никогаш во лоши цели и со зли намери не го употребуваат своето знаење и не ја користат страшната моќ на своите карате-удари.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А притоа знаеш дека ниту јас сум професорот ниту пак ти се наоѓаш на испит по знаење.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ти мислиш – се исчудуваше упорниот иследник. – дека јас треба да бидам лековерниот професор а ти итриот студентот кој е спремен да ми пружи на располагање само делчиња од своите знаења.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
______________ 23 Редовите обележани со точки му ги оставам на читателот за да ги дополни според свое знаење, паметење и коментар.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Потоа ние редум, секој по своето знаење одговаравме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Така под негово водство доживеав низа такви состојби во кои тој можеше да ми го открие своето знаење и да го потврди.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога еднаш реши своето знаење да ми го пренесе мене, тој систематски и по ред ми даваше објаснувања.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сите луѓе мислеа дека своето знаење можел да го „посребри“ – така велеше претходната генерација, но тој не го посребри, наместо тоа ги посребри нервите на своите роднини.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од него зрачеше нешто волшебно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За да се донесе едно малечко камче од Месечината, илјадници научници ги вложиле своите знаења, а илјадници работници својот труд.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Мал во своите знаења.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И со векови, чекор по чекор човекот растел во своите знаења.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)