Ја немаше ни словенската химна.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
По словенскиот претседател своите зборови ги изрече членот на NSK.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Секретарот мигум молкна за да го види ефектот од своите зборови, па охрабрен од молчењето, продолжи: – Ние со многу тешкотии најдовме куќи за вас. Подигнавме бараки.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
ronald leing СОПСТВЕНОТО И ЛАЖНОТО ЈАС КАЈ ШИЗОФРЕНИКОТ Сега ќе се обидеме да ги поткрепиме своите зборови со избрани описи на шизофренијата што ги даде еден американски пациент во фазата на закрепнување.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
— Ќе гориме вас живи, жими вера, ако не теслимите, — пак се провикна кајмакамот и му ги преведе на турски своите зборови на бимбашијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Гореле, печеле, вареле, ние вам живи не ви се предаваме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Палигоров, сега, кога Татко конечно заминуваше од Архивот, најде и неколку свои зборови, кои не беа во текстот, за да го истакне неговиот придонес во архивистиката, но пак ништо не кажа за сиџилите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Девојчето си нижеше во некаква песничка свои зборови, го изразуваше своето убаво расположение.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Љубителите на уметноста или следбениците на експертите зад нив ги повторуваа нивните стручни наоди, преведувајќи ги со свои зборови, па сликарот на крај излегуваше како бледа копија на некој непознат современ експериментатор или пак на некој безимен средновековен зограф.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Затоа братучедот Герман го слушам како го продолжува својот расказ за тоа што направил откако прескокнал преку авлијата, при што внимава на секој свој збор со цел поточно да ја прикаже работата којашто е предуслов за неговиот успех: "Најпосле ми текна", вели братучедот Герман.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Впрочем, не биле ни многумина други кои зборуваа за тие места како да ги знаат на прсти, за разлика од него, кој секогаш ги мереше своите зборови кога ѝ се обраќаше на јавноста.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тогаш за првпат му кажа дека само со силата на својот збор ќе успее да придвижи многумина.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Но Бог имаше друг план за него и вечерта тој го слушна оној ист глас од пустината, глас што секогаш го слушаше низ вонземски шумови, глас што доаѓаше некаде надвор од телесниот свет, од длабочина и од висина истовремено, од центарот на постоењето, од внатрешното наместо од надворешното уво, строг и речиси суров во своите зборови.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Таа го заведе со своите приказни, па и пред да биде свесен за да се спротивстави, тој плачеше на оние тажните, се смееше на оние веселите и ги следеше нејзините наредби.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Убеден како и секогаш во силата на својот збор, на арамејски, наспроти грчкиот на кој разговараше со Римјаните, пред гневниот народ го раскажа својот живот и со нив го сподели мигот на своето духовно прображение на патот кон Дамаск.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тогаш мислеше дека е подготвен да ги изоди сите дивини, само да биде негова, и му се чинеше дека секој збор што тој ќе го каже ќе биде премногу во аголот во којшто таа го притисна со своите зборови и го зароби во својата мрежа.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Веднаш песната ја прифатиле и другите со свои зборови споменувајќи ги синовите, браќата и мажите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сѐ што било смрт бегало од нив како од смрт и се влечела по нив чудна и болна мелодија со нечуени зборови со кои се споменувало човековото раѓање и умирање, неговиот секавичен пат од колепка до одар - тоа мајка му на Куно Бунгур го оплакувала синот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
ЛУКОВ: (Ја запира пак со својот збор.) И... и ќе идете овде само кога ќе Ве повикам?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ЛУКОВ: (Задоволен од ефектот на своите зборови, пак надмоќен и циничен.) Не присилувајте ме, Ви се молам, госпоѓо Христова, да ги изговорам гласно работите на кои им се противи моето домашно воспитание?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ЛУКОВ: (Ја запира со својот збор, токму пред да излезе.) Сосем не ги сакам преправањата, госпоѓо Христова. И ме збеснува кога некој ме присилува да изигрувам - шут. Седнете.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Сѐ додека оној ден, кога сосема во невреме, младичот сета утрина остана во дуќанчето, иако утредента требаше да го положи последниот испит; остануваше така шетајќи се нервозно од едниот до другиот ѕид, а не велејќи за тоа ништо, сè до тој ден, кога сосема во невреме не почнаа од вратата на тутунската фабрика да наизлегуваат разјарените луѓе во сини комбинезони, прво една сосема мала збиена група, а по нив една цела река, дофрлајќи по нешто гласно преку рамената, сите со онаа разјареност во погледите како еден човек, како еден разлутен човек, кој треснал од земјата сè, кој повеќе не може да поднесе нешто да се продолжи да се прави со него, кој се свестил дека е ограбен, и кој што има тука да го каже и својот збор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тоа беа сите оние истрчани, разјарени луѓе, што имаа исто така да го кажат тука и својот збор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Зашто многу ретко своите зборови ги ставаш на кантар. Ти прво ги кажуваш, а потоа се каеш.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Молчалива дотогаш, ламбата ме испрати со свои зборови: Таванов сешто зборува и ме изморува.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
И таа со свои зборови го одобри Водомарскиот говор: Ние сме уста очајно зината...
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Куќата што воздивнува го споменуваше уште пред тој да се роди.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Пред насобраната толпа стоеше Водомар, брадестиот осаменик од шамакот крај езерото,огледало на сонцето и месечината.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Требаше уште да се одредат правилата на однесувањето на противниците во двата табори, секој наоружан со свои зборови, кои требаше да се најдат како жртви на првите борбени линии...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ама, не го ни дорече тоа, а портата заклепа и почнаа да се редат пријатели како кај болен, да му ја олеснат маката со својот збор, а и скришум да се порадуваат дека не се на негово место.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Но пред тоа Грците немаа букви на свој јазик, а ги пишуваа своите зборови со феникиски букви.
„За буквите“
од Црноризец Храбар
(1754)
Та некој ќе поминат арно, ама на некои ќе му трпат дечињата! — стои на својот збор Калешко и сака да го протури својот предлог.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Бисера му раскажа на татка си се, плачејќи од сожалба, но попот остана при својот збор и на третиот ден се пресели кај Биновите деца.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Оваа раздаљина, ако сакаме да ја објасниме со свои зборови, би изгледалa нешто као: од Скопје до Хонгконг на исток, или уште посликовито - од Скопје до Венецуела на запад.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Таму ќе те посматраат ко покусни куниќ и ќе ти пуштаат некои филмови што после треба да ги прераскажеш со свои зборови.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Бароуз слика со своите зборови. Шиба по страницата со експресионистички, надреални снопови од зборови и жестоки вербални рафали.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Не ни говори за подготвеноста на Свановите потези: таа подготвеност имплицира на подготвеноста на тонот и на говорот пред Одета, која ненадејно ја открива преобразбата на Сван, која несакајќи го определила влијанието на своите зборови врз Сван.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
И им верува и не им верува на своите зборови.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Реков, тој живееше за своите зборови; туѓите беа туѓи; туѓите беа биење вода во аван или во дибек.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Борис Степанович опстоја на својот збор дека по никаква цена нема да интервенира во добиениот список потпишан и оверен со печат на Генералштабот на Деникин.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
БОРИС: Ако разбра, да чуеме што разбра, кажи со
свои зборовќ. (Пауза)
МАТЕЈ: Со свои зборови, не можам.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Во однос на "пазарењето" за интересните сфери со Советската влада, се истакнало дека, доколку Британија го следи влијанието на Русија во Романија, а тие го следат британското во Грција, сметале дека тоа "треба да се применува само во услови на војна", дека е тешко да се очекува дека некој од двете земји би сакал така и да продолжи "кога ќе дојде до мировна спогодба и кога ќе настапи поволен период, или да се прошири на другите балкански земји во поглед на важните интереси, што и обете страни би ги имале при обликувањето на иднината на Балканот во целост".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Исто така, Британците сакале, кога ќе дошло време за тоа, да го кажат својот збор „и во однос на Бугарија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
- Внимавајте, девојки, сите да внимавате и на своите зборови... Запамтете.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Маркос во овој миг се потсети на своите зборови што ги изрече на советувањето по трагичната битка: - Денеска одиме по една тесна патека.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Неговото молчење беше елоквентно - Едносложниот yes-man до медијот, тврдоглавиот дрдорко во својата козерија, Енди Ворхол секогаш беше верен на својот збор.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Дали од своите зборови се онесвести или од крвта што му ги поплавила панталоните.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
идат сега полицајците на Јанис Метаксас и ти дежураат пред устата, под ушите, не смееш ни кучето со свои зборови да го повабиш, ни козата да ја искараш, оти не им зборуваш грчки, ти велат, моето куче не знае грчки, им велиш, мојата коза не разбира, полицајците и оддалеку знаат на кој јазик зборуваш, по отворањето на устата знаат и идат право на тебе и во отворената уста ти плукаат и после ти ги кршат забите и ги бришат словенските букви од црквите и од гробовите,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кај си можел дотогаш со свои зборови да мислиш, на своето потекло да се сетиш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)