свој (прид.) - засолниште (имн.)

- Веднаш – го вклучи таксиметарот и појде по првата уличка десно: Извинете,но ќе морам да заобиколам...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А времето е кусо, вазната е турната, поплавата од зборови и мисли се шири, писателот, сакал – не сакал, мора да ја подотвори вратата од своето засолниште.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тој беше целиот светнат: доправките во Куршумли-ан завршиле и сега сите дубровчани се среќни што имаат свое засолниште, а тој пак начисто гори, зашто најголемите заслуги се негови.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Вратите на куќите се затворија пребрзо. Овде онде удираше резе. Сѐ живо како да се плашеше од темнината.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
ПРЕДЕЛ НА ИЗМИСЛЕН СВЕТ
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Негде почна да завива сирена. Последните што не беа во некое свое засолниште, избезумено се растрчаа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Од некое свое засолниште утот Утариус ми посака среќа: Не верувам во ангели, но ако ги има нека те вардат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Разговарале и се смееле, никој од нив не претпоставувал дека во пустелијата ќе сретнат жив човек.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Проказник од своето засолниште веќе можел да им ги види лицата: најстариот, мажиште со виснати жолти мустаќи и со тешки веѓи на арамиски или кираџиски чауш можел да му биде татко на најмладиот сѐ уште не во годините на Перуника, на другите, испиени и брадосани од планински живот, тешко можело да им се определат годините.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И вдовецот копнеел по женска топлина или по мајка на своите две деца во последен миг спасени од огнот на запалената куќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Штукнал од ум со придушен крик кога го видел најмладиот од дружината - Лозан Перуника сакал да се оддалечи нечујно од своето засолниште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)