свој (прид.) - занес (имн.)

Синот негов и личеше и не личеше на него; го потсетуваше на него по својот немирен дух, по своето широко интересирање за таканаречените воншколски дејности - по читање весници, списанија и книги вон лектирата; по својот занес за современата забавна музика; по својата ангажираност во музичката група, каде што не удираше само по тапани ами свиреше и на други инструменти, па другарите го избраа за глава на тајфата; а не го потсетуваше на него по своето непочитување на куќниот ред, по променливиот успех во учењето и по отсуството на секаква сериозност да пројави интерес за некоја наука или струка на која би ѝ се посветил по матурата - освен музиката, се разбира, но не класичната ами исклучиво џезот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мојата љубов не можеше да се управи спрема секого, па макар колку тој да жедува, таа си бараше предмет достоен за својот занес и тоа беше нејзино свештено право, пред кое паѓаше секоја предрасуда.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тука, татко ми би рекол: „Прекрасно!“ Постојано го хранеше својот занес.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тој во својот занес продолжи да п е е.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Слушаш? - Што? - се трга Арсо од својот занес. - Скорни.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Знам, за вакви работи, како и да речеш, ќе згрешиш. Си имаше свој занес.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И зборовите му беа одморни, брзи, се прескокаа еден од друг. – Ти зборував за потребата некому да го продадам својот занес, да го всадам немирот кон белите патеки.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)