Ова оди заедно со едно проширување на фонографијата и со сите средства за зачувување на говорниот јазик, кои овозможуваат тој да функционира и во отсуство на субјектот кој говори.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Овој развој, поврзан со оној на етнологијата и на историјата на писмото, нѐ учи дека фонетското писмо, средиштето на големата метафизичка, научна, техничка, економска авантура на Западот, е ограничено во времето и просторот, самото се ограничува токму во оној миг во кој својот закон им го наметнува на културните полиња, единствените кои сѐ уште му се измолкнуваат.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Математичкиот симболизам е конвенција на писмото, скриптурален симболизам.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Бог, таков каков што си го замислуваат луѓето, не постои: постои некоја сила, натприродна, која управува со светот, додека луѓето се управуваат според својот сопствен разум и според своите закони.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кога ќе а видите главата моа одделена од рамената, шо сакате правите — им го повтори Толе својот закон на сите селани по сите села и си „запашува" пак како лани.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— се притапкаа сиромаси селаните, но Толе не се делеше од својот ум дека тој е паша на овој пашалук.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сите овие небески појави го имаат потеклото во правилноста на движењето на Земјата и другите планети, кое пред повеќе од 300 години го објасни Исак Њутн во своите закони за движење и во теоријата за гравитација.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во новонастанатата ситуација единствено градовите го задржале своето старо уредување и можеле да донесуваат свои закони и да избираат сопствени магистрати.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Тој е јунак, а јунаците се на почит, станува шеф на каушот и наметнува свои закони и ред.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Доце Срменков го гледал како ја влече по себе двоколката со торби, кожи и черги и се здржувал да не се прекрсти: човекот со крвави крпи на челото и со белег на сувото лице ќе му личел и со епитрафил на безбожник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ги исправил нејаките рамења и ги наполнил градите со воздух - секој од дојденците, и во празнична црковна облека, ќе бил итар арамија што познава само свои закони.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сеедно - господарел: неговиот свет, оној до кој му допирала мислата имал свој поредок и свое безредие што тој го создал, и никој веќе не смеел да најавува свои закони и да бара правдина поинаква од онаа под чија сенка живеел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Сепак, признава Стојан, - птиците си имаат свои закони.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)