свој (прид.) - задача (имн.)

За големо нејзино чудо, виде дека навистина Крчо ја напишал својата задача и гледа потокришум во неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Меѓутоа, во случаите каде генуината креативност е здружена со употребата на канабис, Пет и Бол веруваат дека ваквите личности се однапред подготвени за своите задачи и биле креативни и пред употреба на дрогата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Зошто е толку слаб успехот во досегашното производство на машините кои ќе гледаат и слушаат, ќе учат и размислуваат, кои самостојно ќе се движат во околината? okno.mk | Margina #15-16 [1995] 43 Moravec во одговорот на тоа прашање предупредува на фаталниот европски презир кон можностите кои произлегуваат од сетилното осознавање.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Меѓутоа, додека компјутерските програми кои што симулираат разумски операции, ги решаваат своите задачи скоро толку успешно како некој си студент-почетник, на најдобриот програм за роботско водење му се потребни часови и часови пред да идентифицира неколку предмети на масата и потоа да ги земе.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Нема што, - помисли - гените си ја завршиле својата задача.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Онаму отаде гледам еден одред специјалци како ефикасно извршува некоја своја задача меѓу жени, деца и старци.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Преокупиран со својата задача, не забележа како Френк се искачи по патеката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Разни луѓе од теренот ги напуштија своите задачи и почнаа да чекорат накај своите возила каде што им беше храната за ручек.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Откако ќе вечераа, тој вредно ги пишуваше своите задачи покрај топлиот шпорет додека на него се вареа белите алишта во големо тенџере.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Била избрана и специјална комисија за прегледување на сметките, но таа не ја извршила својата задача.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Решени да го нападнат првиот град на Македонија, напад кој можел да има несогледливи последици и за цела Македонија, имаат ли тие, гемиџиите, право да го преживеат своето дело или, согласно нивната идеологија, се должни да загинат вршејќи ја својата задача.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, бил забележан од телохранителите и, сфаќајќи дека не ќе може да ја изврши својата задача, се повлекол малку, запалил една бомба и седнал над неа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Така Миклош се најде во Скопје, се најде и тука остана, чекајќи на својата задача.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Иако утринските сончеви зраци продираа низ прозорчето, иако тој беше буден и знаеше дека треба да стане и да ги врши сите свои задачи, не наоѓаше сили да се извлече од леглото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Навистина, чувството дека овој пат потфрлила, дека недостојно ја завршила својата задача, ја фрлаше во очај.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Но место тоа Извини велам, можев да те прашам и уште нешто, но брзам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И тогаш на врвот на јазикот го сетив и зборот кој очекуваше да се впушти по својата задача, всушност навистина бев спремен да извикам Не очекував овде да те сретнам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа тој му го остави писмото на еден од везирите што ги бркаше царските работи и му кажаа дека луѓето што се споменуваат во писмото му се предадени на мудурот во затворот; кога ќе се врати султанот таму да ги бараат. Co тоа тој си ја исполни својата задача и по два дена си ги собра сејмените и се врати во Прилеп.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Буден секогаш, ги држи под контрола сите останати клетки, што со своите задачи одговараат пред него. Тој управува со сѐ.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)