свој (прид.) - загинат (имн.)

А тие, жените де, сега стари, неспособни за бој и за раѓање, а толку силни во себе што и каменот се сотрива под нив кога почнуваат да ги оплакуваат своите загинати...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но, тоа било време кога многу од семејствата ги беа зеле своите загинати и ги закопале на свои гробишта.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Гракнежот нивни се слуша од поодамна, уште од пробивањето на фронтот кога луѓето од селото си ги бараа своите загинати по планината, им ги одграбнуваа, не им ги оставаа да ги колваат, ги носеа во селото и ги закопуваа во селските гробишта; отец Серафим пеејќи им молитва им ги споменуваше имињата и велеше: „Бог да ги прости“.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)