свој (прид.) - живее (имн.)

Карма се активностите кои тој ги прави во текот на своето живеење, за кои добива награди или казни.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Човекот не може вечно да го поседува тоа што ќе го стекне за време на своето живеење, може да го ужива само тоа што ќе го потроши.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Може да се изнесат податоци дека спомнатите театарски дејци (исклучувајќи го Шишков) за време своето живеење ги добиле сите можни признанија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога длабочината на човекот ќе биде недопрена од раката на Светоста, тој ќе се обвитка во лушпите на земските илузии, влегува во сплетки со другите луѓе или сам создава непотребни грижи за време на своето живеење и останува заробен во нивните канџи.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Живеел аскетски, а единствена смисла на своето живеење наоѓал во борбата за ослободување на Македонија и за тоа бил готов да го даде својот живот секој погоден момент.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
-Ако човекот не успее да се продолжи себеси, за време на своето живеење, тоа е рамно на неговото непостоење – мирно одговори старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Залудно јадел, пиел, спиел и се одржувал безбеден за време на своето живеење на земјата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Така тие го усмеруваа своето живеење и го градеа системот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)