Пасивните консумери стануваат активни агенти кои ги примаат електронските модели преку своите екрани, дискови, факсови, и потоа ги трансформираат... пренесуваат... ре-создаваат... ре- анимираат.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Но ова може да е сосема соодветно однесување за да ја заштити неговата долготрајна кинеска меморија, не грешка во почитување на програма, исто како што еден електричен компјутер може да го осветли својот екран штом ја допрете неговата тастатура додека зафатено работи нешто ( однесување коешто не е вклучено во кодот кој во моментот го почитува, патем, но пониско во системот).
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Поединците облечени во кибероблека ќе бидат во состојба да се сретнат во виртуелните реалности направени за двајца.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Светот станува соседство во кое едно лице оддалечено осум илјади милји може да биде “овде, под твојот прозорец”.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Евтините апликации им овозможуваат на поединците да пишуваат на своите екрани исто како што Гутенберговиот хардвер-софтвер им овозможи да пишуваат пред петстотини години.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Овие евтини дигитални орудија веќе го претворија домот во киберстудио во кое поединецот ќе дизајнира, уредува, изведува и пренесува идеи (меми) на својот екран.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)