свој (прид.) - егзистенција (имн.)

Интелигенцијата, како конкурент на „стариот режим”, во „новиот” ја почувствува маргинилизираноста на својата егзистенција.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ги анализираше со ракија или со три шишиња вино, зависно од штотуку изнудената сума.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од своја страна, пак, Владата во емиграција правела сè за да го продолжи своето неприродно опстојување на меѓународната политичка сцена, со цел да ја продолжи својата егзистенција, обидувајќи се на секој можен начин да го наруши угледот на АВНОЈ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, во новосоздадената ситуација, како политичка така и воена, обидите на Владата во емиграција биле повеќе од залудни.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Никогаш не му требаа лично за него, туку секогаш најпосле цврсто да ја втемели својата егзистенција.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)