Татко донкихотовски и се спротивставуваше на историјата, со својот живот, со своите постапки, со својот егзил, со своето перо, додека Мајка фаталистички ја поднесуваше со нејзините симболи и тотеми.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Најголеми тешкотии имаше со македонскиот и другите словенски јазици со кои се соочуваше во земјата на својот егзил и кои тешко се учеа во поодминатите години на животот, па му помагавме ние децата, кои во детството го совладавме овој јазик, на кој јас денес и пишувам, покрај на мајчиниот албански јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Мајка, по свој пат доаѓаше до татковите филозофски заклучоци во својата Историја на Балканот низ падовите на империите, во однос на потрагата по излези од напластената историја на Балканот, каде што нејзините последици беа најсилни.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сигурно се наоѓаше пред најголемото искушение во својот егзил.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Игор Лозински сакаше да ја заврши својата голема исповед, пред своите балкански пријатели, да ги каже своите големи тајни за егзистенцијата на ова Езеро и на луѓето околу него, да му го пренесе на Цветана Горски својот морален тестамент, надежта на продолжувањето на неговото дело и вистина, а на Татко да му ја открие пошироката смисла на натамошното следење на патот на јагулите во потрага по излез од својот егзил.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Губењето на митската верба во моќта на родното место, семејството, мајката, таткото, браќата, сестрите, блиските и предавањето на фугата на егзилот, предизвикуваат поетот најсилно упориште да најде во татковината на јазикот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кога Махмуд Дарвиш ќе пее од затворот со голема носталгија за топлото лепче и кафето од рацете на својата мајка, тој го изразува големиот трагизам на својот егзил.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И еве сега, во својот егзил, запрен на првата етапа, за која никогаш не сонуваше дека ќе биде прва и последна, веројатно како втора етапа требаше да биде патот кон Франција, Америка или Турција, тој се најде во кафезот на својата библиотека да се пресметува со турцизмите?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)