свој (прид.) - дуќан (имн.)

Но токму тогаш кога населбата, со своите дуќани, почна да станува привлечна и за другите околни, некој вид центар, една ноќ, во долот помеѓу Ѓокоските и Бубичоските, на од никого небрането земјиште, како од небо да се истоварија Дамческите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Си има свој дуќан во Битола, таму, малку погоре од сато.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кога запролети тие двајца знаеја да го затворат своето дуќанче и во неделните попладниња да заминат на фудбалските натпревари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На Змејко не можеа да му поминат незабележано сите оние скришни мигнувања и кусите загрижени разговори меѓу тој извишен младич и неколцина од луѓето со сините комбинезони, од кои што тој навистина ниеднаш не успеа да дофати ниеден збор, но сосема добро ја гледаше таа игра меѓу масите на своето дуќанче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко тогаш му рече на младичот дека сè што има тој во своето дуќанче, може да биде и нивно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најпосле решија да го поделат по токму, сето она, што го имаше спечалено тој со своето дуќанче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Ах! само да си ја видите мајка ви!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сигурно беше останала намерно...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сите се тука... во кошули, раскопчани комшиите, пред своите дуќани...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)