свој (прид.) - друштво (имн.)

Сѐ уште се муваа таму кадешто беа и претходно - на работ од големите градови, затворени во евтините хотели и со свое друштво - отпадници со лоши заби и евтини парфеми и ужасна гардероба.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И колку поблиску сме до позарот, толку почесто го слушаме македонскиот говор и изненадени сме затоа што леринскиот пазар многу личи на битолскиот, а и кафеаните и кафулињата и малите ресторанчиња личат на битолските, но со таа разлика што во Битола се зборува гласно, а тука, во Лерин, тивко и внимателно и само во свое друштво.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Затоа те и ми нудат почесен стол во своето друштво.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Никој повеќе не гледаше на нив како на депресивни губитници.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А тогаш, како што дрогите влегоа во животот на просечните луѓе, така и тие почнаа да стануваат прифаќани како „сексуални радикали”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Го напушти она детинско настроение и веќе одамна беше го напуштил своето друштво и одеше секаде сам, воден од своите едни и исти мисли: како ќе се ослободи од овие синџири?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се сети и на Маре, тогаш најубавата матурантка на генерацијата, како се вљуби во еден млад мустаклија офицер, кој излегуваше на корзото во нова кноевска униформа и го носеше своето друштво на игранки во Офицерскиот дом.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)