свој (прид.) - дружина (имн.)

Македонските организации Захаријадис заедно со својата дружина порано ги беше отпишал, но овој пат им дојде часот сосема да ги столчи заедно со азбуката и јазикот. Рече дека се титови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Додуша, беглер-бегот е водач на сите главатари, на субашите, на кадиите, тој има под своја власт седумнаесет војводи, а секој од нив со своја дружина од илјада и петстотини коњаници кои тој самиот ги плаќа и ги води во бој на свој трошок.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Некогаш крај бистрото Езеро, најстаро и најубаво во светот, во цутот на својата младост, со својата дружина ги пееше често до изгрејсонце тоскиските полифони песни.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да, не од недостојна смрт... За насилнички дела отплатник беше, знаејќи да одмазди смртно за својата дружина цела, голем страв сегде ширејќи.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)