свој (прид.) - другар (имн.)

- Денеска ни рече: “Кој ќе го нашпионира својот другар, јазикот ќе му го пресечам; кој ќе направи нешто лошо, сами ќе му судите...“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
___________ 23) заптии - турски полицајци
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Гоце ги виде своите другари од маалото - Коце и Тасе и им пристапи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Неуловливиот комита е меѓу своите другари во изградбата на првата фабрика која за народната борба ќе произведува оружје и муниција.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Треба да знаете: кој се бори за слобода, не умира дома на постела, тој ќе умре во борбата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
„Но, она што сакав да ти го кажам е дека ова што ти го правиш го гледаме сите ние, моето семејство и целата еврејска заедница на градов.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Рабинот го фати под рака својот другар од школските денови и го однесе во другата просторија. Таму сѐ беше на своето место.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тука е најзгодно местото да ја види, мирно е местото, уличката одвај се провира покрај рекчето, тука таа минеше секиден пролетоска со својата другарка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Цел живот ги гледаш своите другари, соседи, пријатели, исправени и горди, како шетаат со своите соништа низ времето и туку одеднаш ќе забележиш, тие спокојни и чесни луѓе како клапнале, се подвиткале, се смалиле...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Си заминавме: секој во својот град, секој во своето училиште, кај своите другари.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Другите залегнаа во растот и отворија оган, a пo кратко време затрештија и бомбите, но аскерот не се раздвои.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Почнаа да се ѕверат низ честарот, погледнувајќи ги своите другари лево и десно, а селанецот го забележа Белчета во букашот, си ја поткаса долната муцка и подзина да викне, но во тој момент Толевци изрипаја од карпите со страшен натприроден вик и ги фрлија готовите бомби кон групите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И не се излага Тренков. Навистина, тие топовски грмежи идеа од Крушево, и навистина Никола Карев со своите другари се расправаше со агите, но не да ги избрка, но сега ја бранеше победата и првата македонска република од турските сили кои донесоа и топови за да ја урнат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ами вака ли ме кандисуаше, побратиме, да ви се придружа?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа не покажа ни знак на колебање, на уплав, или некаква непослушност на неговите наредби.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Верувам оти ќе дојде, — одговори Митре — Кога ќе рече нешто Толе никогаш не поречува. Такви се тие.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Една вечер, откако Сиве си легна со Мара и децата, доцна, околу полноќ, му притропа некој на големата врата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
3. Откако се тргна и Толе со своите другари од позицијата во гробиштата и се разбегаа востаниците, јузбашијата и мудурот наредија да се блокира селото и сите селани да се дотераат пред конакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Кажувај, Ѓорче, кажувај какви новини носиш однатре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Самиот ти ме вовлече во вој алабак табури и за јадење да страдам со своите луѓе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Та велиш, ќе помине денеска? — Го запраша едниот својот другар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Барем од патот ќе скратиме, — предложи Иван Попов и ги погледна своите другари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Како сте, Пере, Петре, Луко, Митре? — им се обрна љубезно Ѓорче на своите другари и единомисленици, па колку за адет ги поздрави и Борисовци: — Како сте и вие, господа војводи?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа и ги остави седумте свои другари над чешмичето и си отиде во честарот да ја ублажи својата тага за неуспехот, крај неговото четниче Мише Ќосото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се разнесе грмогласно „ураааа!“ од четиристотини грла и залпови од пушки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги испрати со Трајка да ја фатат Маргара, а сам со другите свои другари влезе во селото и нарача десет брави, десет фурни леб, тутун, ракија и се друго што им се „следуваше" во она време на четите кога ќе бидат „на гости" во реонот на некое село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да не ве лаже умот да чините абер во Маково оти змија лута ќе ве клукне!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вака навален на десната рака Петре разговараше со својот другар Митрета и ја вртеше главата, потсмевајќи се задоволно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Арно ама, дружината од Катар Ќаа ја разбра работава и реши да си ги прибере паричките од својот другар што ги најде Сиве.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стариот дедо Трајко му отвори, а муљазимот, како секој потереџија кој спие на штрек, се појави на прозорчето со револверот в раце.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Што ќе губиме недели, може и месеци по оние ридишта, да му ги дадиме главите на Џавидпаша, да му ги однесиме на нашиот Дургут паша, ако ги спасиме од Бехтијара, — одговори Циле за сите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете го мојов план накусо: ние треба да почнеме со копањето уште веднаш, та до пролет да ја свршиме оваа работа, ако сте согласни, — заврши иницијаторот на бегството Никола Каранџулов и застана да ги слушне своите другари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Почна да се мисли стражарот, но Илија му рече дека е важен и тој го предаде на својот другар за да не го напушта стражарското место.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така почнаа. Ноќе копај во ќошот, со разни парчиња железа што им беа доставени од луѓето на Организацијата, полни ги ќесињата што ги направија од своите крпи за лице, а дење турај ја земјата во клозетите, која водата ја носеше надолу по ѓериз и ја исфрлаше во Драгорот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А кога на Адемовата колиба во Валот, каде Толе со стрика му Кулета ги пасеше Адемовите овци, дојде арамијата Чанак капидан со своите другари — шест души одбор момчиња — и зеде два брава за да го подмами Адема да го фати и уцени, Толе во своите десет дванаесет години се зачуди од храброста на овие луѓе што не се плашат од Турците, и виде дека некој и со нив можел да се бори и да ги тепа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А ние шо направиме? Не му дадоме ни да разберат оти дојдоме, а скинаме назад, — почна уште истата вечер Толе да го тевтише реонскиот началник за Мариово, Трајко Бешот, во Полчиште, каде што со своите другари наврати да се одмори, а Мише Ќосето да се види со тетка си Мита по толку години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Четниците тргнаа по војводите на спротивната страна од Милана, назад кон Ливада, со надеж да се искачат на тој највисок врв и да ги најдат своите другари Попов, Сугарев, и Цилета и да ја поделат борбата и судбината, но на двесте триста метра под чуката просто нагазија на залегнатиот аскер, кој ги дочека со плотун од десет метра растојание.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Терајудри, аскерот им ги дотера овие луѓе на мудурот пред конакот и јузбашијата си го излеа својот гнев прв на нив, удирајќи им и тој по десетина грбачи преку очи и плеќи, та во тој бес не го заштеди ни самиот коџабашија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дванаесетгодишно момче од предградието, шета по дискот со Мона Лиза во својот Мекинтош, ги бои очите во зелено, преку модем ја испраќа до својот другар во Париз, кој додава пурпурен кармин и ја печати на ласерски копир апарат; потоа ја факсира до Joseph Kusuth за следната изложба на Галеријата Via Eight во Токио.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Боб: Што се однесува до пандурот, полицаецот, уште од вчера упорно бара, дури и плачеше, да пука врз своите другари.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Жан: Нашите услови нека им ги пренесе на своите другари.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Еден палавко го бутнал пенисот во својот другар, додека другото момче го сече најличниот дел од курот на возбудениот примател, а посетителовиот гостувачки уд скока и го исполнува празниот простор од кој природата се гади и свршува во Црната Лагуна каде нестрпливата пирана го грабнува сѐ уште нероденото дете кое никогаш - со оглед на некои добро познати факти - нема ни да се роди.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секој од нас се гледа само себеси и ретко некој погледнува подалеку да ги види своите другари како напрегаат сили низ целата земја работејќи на големото дело на народната просвета.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ги грабна кофите и одвај успеа да му дофрли на својот другар: - Манукот, манукот е долу!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мошне внимателно, речиси со запрен здив, Бојан се искачи врз рамењата на својот другар.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тажно беше да се гледа како птицата што до пред малку слободно леташе покрај својот другар сега се оддалечува осамена, со рането срце.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Слободниот гулаб уште правеше обиди да му помогне на својот другар но попусто.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ја крева главата и во очите на своите другари го наоѓа истото, вечното другарство.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Не зборуваше со своите другари, освен кога требаше нешто да побара, а ретко бараше, или кога веќе беше принуден да зборува.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- Што му е на детенцево - ги праша таа своите другарки. - Не знаеме.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Та тој, најпосле, е дете, ќе мора да се зближи со своите другари од одделението, ќе мора да им раскаже нешто за себе.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Такво фалење забележував и кај другите свои другари.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Меѓутоа, како трезвен реалист, тој веднаш побарал од своите другари во Бугарија по секоја цена да пронајдат друг динамит и да го испратат во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мечев и Шатев тргнале во поштата, меѓутоа, Мечето, кој бил прочуен меѓу своите другари со своето домаќинско однесување и штедење, кој десетпати броел а еднаш давал, сметајќи дека во случајов сепак би можел да згреши со тоа што парите ќе му ги позајми на Сарафов, два три пати влегувал и излегувал во поштата под разни изговори, но главно за “да размисли“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дури во 1901 година влегол во Кружокот на гемиџиите, односно им се придружил на своите другари Орце, Коста и други велешани.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Свесен дека му се приближува крајот и дека никогаш веќе нема да ги види своите Велес, Солун и Вардар, докрај прибран, тој нашол сили да се поздрави со сите свои другари во затворската соба и потоа да издивне.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Отсега тој за властите, па и за своите другари, бил Георги Манасов.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Орце „беше роден за водач, имаше еластично-заповеден дух“ и бил извонредно строг кон најмалите отклонувања или грешки на своите другари, дури кога тие биле направени несвесно или случајно.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тешко може да се објасни зошто П. Шатев, кој ги изнесува главните моменти од истражниот затвор, ништо не кажува за другите тројца свои другари.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Секогаш доволен од себе си, учтив и внимателен кон сите, особено кон своите другари, тој во кружокот на гемиџиите беше најсимпатичниот, најсаканиот главно поради неговиот голем идеализам, скромност и добрина“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога во 1902 година Орце бил во Софија, каде што со своите другари го разгледувал прашањето во врска со снабдувањето на динамит, со Делчев разговарал за влошените односи со ЦК и одделно со Иван Гарванов.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ги повикал своите другари што биле во Велес да дојдат во Солун, а во меѓувреме во Кружокот влегло уште едно лице - тоа бил Димитар Коштанов од Горна Џумаја.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Инаку, тој ги сакал своите блиски, своите другари и својот народ.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Неговото негодување од поведението на учениците од класот било толку големо што тој демонстративно ја напуштил Гимназијата, не сакајки да ги гледа на куп своите другари соучесници кои, со својот слаб карактер, брзо се решиле на предавство.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Таа неколку пати го посетила гробот на својата другарка, но таму веќе не го сретнала нејзиниот сопруг.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
На сликата на белиот мермерен споменик, иако многу одамна не беше ја видела, ја препознала својата другарка и не можела да не се расплаче силно.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Срцето ѝ се стегнало кога за трагичната вест, за смртта на таа своја другарка прочитала и во весник.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Веројатно било пролет.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Почнале да пијат в зори, а ова се одвивало после полноќ.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Далтон ѝ раскажа за една ноќ во средно кога пиел пиво со своите другари.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Другарите, според Алесандро Волта, својот другар го нарекоа Нуне Волта.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој одново се зафати да ја прогонува смртната ладнина во телото на својот другар. Запарност му лежеше на плеќите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој чита многу вакви книги во слободните од училиште дни, таму, скриен со своите другари, во заливот на морето. Во нив има вистински херои.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо ги изневери своите другари и себеси.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Иван избегнува да го задржи погледот врз вжолтените лица на своите другари.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не, бре, ништо не помага. Бега војската, гази преку своите другари.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Раскажуваше како со своите другари фатил зимото жив зајак.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јана задоволна од веста го заврши пријатниот разговор со својата другарка од родниот крај.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еден ден дури ја прифати идејата во сабота навечер да излезе со своите другарки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Уште во времето кога со своите другарки пред портите играа клинка и петкаменца, кога правеа школски претстави, Рада беше учителка и ништо друго.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Реши ова писмо да го прати на својот другар, а тоа смееше да и се достави само лично на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се појавиле и нови дедовци со нови аманети, а секој од нив сакал да го надмудри својот другар.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Домците почнаа да се туркаат околу високото, неубаво дете, Методија Гришкоски, едно момче од управата, потсилен од неколкуте свои другари, се дрзна да го бутне одзади, бараше кавга.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Марија внимателно ја слушаше својата другарка и ѝ беше необично некој што не е од болницата, со неа така да разговара за секојдневни работи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И токму една ноќ Митре со двајца свои другари кладе мамец на стапицата (еден сомун и на него книжулче со натпис: Бегај Гано од мое Старавина оти мајчето ти го расплака ако ми падниш в рака), и еве ти ги во утрешната мугра двајца „Гановци" на мамецот, а Митре со другарите кои преседоа цела ноќ на „пецање" им се фрлија одзади.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога по судирот чкотна клечка ќибрит и го погледна убиениот непријателски офицер — како и него да го пронижа куршум, бидејќи во него го позна најблискиот свој другар од универзитетот во Марсеј, каде што двајцата студирале на една група, та дури заедно и во еден кревет лежеле цели две години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Суљо падна со стотици свои другари и сега се наоѓа кај големиот пророк во рајот, но јас ве викнав денеска да ве замолам за една работа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Па најпосле, изворот на чешмата малку кој го знае и од нашите белким не ќе го најдат и ако се сетат – го поутеши поп Јаков загрижените свои другари, но ова прашање остана да им гори во душите на сите луѓе во тврдината и сите се обеспокојуваа од него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Едо Бранов, во селото Исток, во друштво на својот другар и пријател Марко Кравата, Глувиот, како што го завикаа војниците, се чувствуваше како да е испратен на продолжен годишен одмор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едо се најде сериозно загрижен за својот другар, но овој само ја извади десната рака од џебот, ја стави дланката зад уво и веднуваќи се кон капетанот со ширум отоврена уста, испушти едно гласно и мутулаво: „А!...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од пасошот ја извади адресата од својот другар од војска, Марка Кравата, кој сега беше во Канада и ја стави во кесето на сигурно место.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потоа, без, збор, фаќајќи го за ракав, го задржа својот другар колку да останат пооддалечени зад заробениците што беше уште една гаранција дека кљакарчето на Шишмана помалку ќе се слуша.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И му велеше на својот другар: - Само гледај ти, Миладине. Го читам како буквар.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Како што е претпоставувачки и дека: - пријателот - црнец на гл. јунак е или судија, или шеф на полиција или партнер - детектив и често погоден од злосторничкиот куршум (се разбира, незаслужено) умира во прегратката на својот другар; - кога јунакот (со неговиот пријател - црнец) го паркира својот автомобил каде било, на пр. во преполнетиот Њујорк, секогаш има слободно место;
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Херкул станува Херк, а Мегара – Мег.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Запрашаниот се сврте кон својот другар, тивко го праша: - Ара, како се вика ова село? - Крчишта - одговори тој со пригушен глас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Потиснат од она што го чу, Мече молчеше и дури не смееше ни да го погледа својот другар што молчаливо веслаше низ трските.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Поручекта, кога бригадирците се растурија по бараките на починок, Мече неочекувано ја забележа меѓу црниците светлокосата глава на својот другар.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
За жал постојано се фалеше со својот другар како да му е некаков заштитен знак.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Сум чула дека луѓето ја прославуваат Новата година - им рече една мравка на своите другарки.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Што му е на детенцево? - ги праша таа своите другарки.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)