свој (прид.) - држава (имн.)

Нашиот народ, на овие простори, никогаш немал своја држава, ако се изземат оние митските, во фантазмите на занесените.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
144. Браќата Асен I (?-1196), Петар II (? – 1197) и Калојан (? – 1207) се обновувачи на бугарското царство, кои успеваат да ѝ нанесат тешки порази на Византија и да ја прошират својата држава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но инаку одат работите ако двата народа имаат свои држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зар не е јасно како бел ден оти претставници од нас нема да има, оти ќе ги решаваат нашите судбини без да нѐ прашаат нас што бараме ние, а затоа ќе ги прашаат нашите непријатели што имаат свои држави и свои дипломати и кои ќе ја извлечат сета полза од нашата пролеана крв?!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
144. Браќата Асен I (?-1196), Петар II (? – 1197) и Калојан (? – 1207) се обновувачи на бугарското царство, кои успеваат да ѝ нанесат тешки порази на Византија и да ја прошират својата држава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И тие што се од последните, не се да го чуваат и да го подигаат значењето на Бугарија, а да го намалуваат и да го исмејуваат, и себеси и својата држава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега оваа куќа во очите на Климент Камилски стануваше историска зашто во неа требаше да се водат големи битки за спасување на балканските јазици од задржаните османизми кои можеа според неговото убедување да им наштетат на балканските народи, кои најпосле добија свои држави.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Лајбах прогласија своја држава со државјанство, пасош, визи...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Деновиве во Белград, Берчек има политички недоразбирања со културата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Има ли некој, Филип, кој што чувствува потреба да застане на страната на човекот којшто е легално избран за претседател на својата држава?
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Кон крајот на В век во Италија доаѓаат Остроготите, го поразуваат Одоакар и формираат своја држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Бугарите ги потчиниле и формирале своја држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По отстранувањето на унгарската опасност се посветил на јакнењето на својата држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Овде ги затекнале Словените кои биле обединети во сојуз на “Седумте племиња” и биле во фаза на формирање на своја држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
„Црквите и џамиите се денес своја држава. Кога?“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На отчукување на срцето му одговорија еха од секое делче на моето тело.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И тој, мојот верен пријател пајак, ми кажа дека гардистите на Мортенија не се чувствуваат како робови, туку како идни властодршци: секој од очекува да стане претседател на своја држава, откако Мортенија ќе ги купи континентите.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сета драма во владеењето со судбината на палестинскиот народ, да му даде своја држава, во идните години ќе растргнува токму во опцијата да се создаде мултиетничка и мултиконфесионална и демократска Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Арафат, и при нашите средби многу години подоцна, ќе рече дека уште на почетоците верувал и постојано велел дека иднината на обединета Палестина, ќе биде демократска, а не конфесионална, гарантирајќи сигурност за сите нејзини граѓани: Евреи, христијани и муслимани.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја гледаше поблизу својата држава во Палестина, отколку што таа беше и реално.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Арафат беше во вознесот на својата мировна иницијатива.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Останете со нас, со Турција. Турција ќе ви даде автономија, ако ме разбираш, а потоа ако сте умни, можеби ќе си напрајте и своја држава.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Инаку, велат дека не е во интерес на владетелот во својата држава да трпи повеќе вери: ако во неа се соберат сите секти на светот, тоа не би предизвикало никаква штета, бидејќи не постои ниедна секта којашто не заповеда послушност и не повикува на подредување. Монтескје (Montisquieu), Персиски писма, 1721 okno.mk | Margina #32-33 [1996] 90
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нашите граѓански права се независни од нашите верски мислења така како што се независни од нашите мислења за физиката и геометријата. Томас Џеферсон (Thomas Jefferson), The Virginia statue of religious freedom, 1786
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ВЕРАТА И ФИЗИКАТА
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)