свој (прид.) - должност (имн.)

И тие си ја вршеа совесно својата должност за да си ги запазат своите местенца во дуќаните, ако не сакаат да дупат мини во тунелите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овде бараат тие сѐ да осмислат и да оправдаат а таму, кај возрасниот човек, би сметале за своја должност да направат некоја повеќе или помалку јадовита забелешка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Германците ги учеа децата, за своја должност да го сметаат истребувањето на Евреите, славењето на водачот, убивањето и гинењето за Татковината.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Оттаму Вујовиќ си го поставува прашањето: зошто вработени во ССМ, кога се наоѓаат пред судски спор против него, немаат право на услугите што ги нуди правната служба на истиот, а сепак своите должности во однос на членарината редовно си ги подмируваат?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Генерално, како Синдикатот така и правната служба во истиот, се финансира од членарина што вработените во ССМ редовно ја плаќаат – како и сите останати работници во останатите сектори.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако, пак, сторената штета надминува значителна вредност – сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако сторената штета е од поголема вредност – сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој што, застапувајќи ги имотните интереси на некое лице или грижејќи се за неговиот имот, нема да ја исполни својата должност или ќе ги злоупотреби дадените овластувања со намера да прибави имотна корист или да го оштети лицето чии имотни интереси ги застапува или за чиј имот се грижи – ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Главно муслиманското население беше држано настрана во репресалиите, а војската ја вршеше својата должност со една ладнокрвност, за што треба да ѝ се оддаде признание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Судиите ги слушале скромно сите тие пофалби и одговарале дека тие само ја исполниле својата должност.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Валијата и сите други поистакнати лица сметале за своја должност да му честитаат на Едип-паша и да го изразат “своето восхитување“ за успешното водење на процесот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Потоа неочекувано забрза, како да го совлада желба брзо да се отчепи од таа своја должност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)