Од нога му нареди на Евдо, бидејќи негов постапалник, како знае и умее да најде безбоен конец, јадици со црви и стап по своја должина; на Ване, да испразни една торба и да ја наполни со свежи коприви; а на шоферот да наполни испразнети конзерви минерски карбит и рударски фитил; а самиот прв ги навре износените патики и на целата екипа тоа не им го препорача туку им го нареди, макар што секој од нив знаеше дека по снимањето ќе се вратат со партали на стапалата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Не го ни забележаа професорот, кој излезе од својата работна и лежачка просторија, како вратар на целата барака, и се претстави со сета своја должина како кускуле.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Само опашката, со својата должина, што мавташе предвидливо ја прикриваше и симулираше индиферентноста на мачорот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Стави ја раката врз челово, моли тој и излечи ми ја оваа брчка што за целата своја должина ми го сви 'рбетот кон земјата.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
И само што првите двајца стапнаа врз мостот, штицата попушти, плесна силно во водата и тие се спружија во реката со целата својата должина.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Долгиот наведнувајќи се како да се плаши од својата должина, се упати кон излезот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)