свој (прид.) - долг (имн.)

Македонците се организираат со сознавање на своите права на својата татковина и својот долг пред неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но затоа секој смета за свој долг да критикува сѐ што ќе му допадне.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Свесни за својот долг кон Татковината, тие беа тврдо решени да изгинат сите, до еден, но да не отстапат ни педа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
МАНОИЛ: Е, што и да се случи, јас навреме го исполнив својот долг. Кој може нешто повеќе да бара од мене!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Има моменти кога се гледам како дрво кренато на ридот, но знам дека денот си го бара својот долг, дека ситните потреби се сместени долу, во долот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И никој не ќе попречи да го исполни својот долг.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Другарите кои загинаа го исполнија својот долг. Ние треба да го исполниме нашиот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тука Арсо сети како нешто му го потисна мозокот и во него се насобра болка и тага. Не го исполни својот долг.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во песната Гавруш Гаврушевски се извел од црно јајце.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Со овој измислен настан го вратив својот долг.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
ЈАКОВ: Наместо да ја воспевате, сега ја стварате слободата на лице место. Поету знај го својот долг.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Сметав дека го исполнив својот долг.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Го враќаме својот долг кон сите, полека се помируваме, и исчезнува слухот и видот за светот околу нас, не постои ништо, ниту ноќта, ниту денот, пред овие предмети кои спокојството на собата го нарушуваат, тука јас признавам сѐ.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Со дијамантот не ќе мора да работи веќе, а ќе може и да му ги отплати своите долгови на ортакот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)