свој (прид.) - доживее (имн.)

На еден дел од одговорите укажав во првото поглавје: можеме да влијаеме врз своето доживување на нас самите, на другите и на светот, и исто така да преземаме активности кон светот низ самото однесување.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
По подолга тишина, тој самиот почна да зборува за своите доживувања во Југославија, за местата низ коишто минавме, за тоа дека сето видено на некој чуден начин го привлекува, дека секако, под други околности, мора да се врати и дека сето тоа, местата и луѓето, е занимливо, дури убаво, но некако unheimlich.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тука јас се насмеав, а тој рече дека знае за загадочноста на зборот, но не знае како подобро да го опише своето доживување.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А секогаш, кога ќе се изнајдеа некаде повеќе луѓе, и кога сите тие ќе почнеа да прикажуваат за своите доживувања некогаш, некаде, тој место да раскажува за себе и за своите денови, им ги прераскажуваше ним оние романи, на тој начин одбегнувајќи ни тука да не остави нешто свое, откажувајќи се на тој начин уште еднаш и од својот живот и од својата судба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)