свој (прид.) - доаѓа (имн.)

Наташа се освести набрзо откако тој престана да ѝ ја цица крвта.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Знаеше дека тој го прави тоа и сега со своето доаѓање тука, среде овој снег, во крајот на сите краишта.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислите покроце се ослободуваа од раздразнетоста, што ја донесе со своето доаѓање; сето она сега беше сосема далеку од него и тој многу често се наоѓаше себеси загледан и мирен, со едни сосема меки и стивнати размислувања.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И тогаш во неговата мртва глава се појави идејата своето доаѓање да го објасни со летаргичниот сон.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Потоа се сретна со Комисијата, и им ја кажа целта на своето доаѓање; им кажа дека е испратен од Владата за да ги пренесе нејзините ставови со кои се инсистира Комисијата во својата работа да ги има предвид историските, националните, етничките, културните, верските и јазичните карактеристики на Подрачјето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Само за своето доаѓање овојпат добро подготви се.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
ЉУБА: Јас сега сама ќе ги набројам: како прво, неговото писателско височество, - не знам зошто мама бездруго сака тој да ја удостои со своето доаѓање; никогаш порано не доаѓал кај нас, а велат, непријатен е и препотентен...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Додека прислужникот на училиштето влегуваше и излегуваше да донесе кафе и ракија за честење, Комисијата ја објасни целта на своето доаѓање; кажа дека треба да изврши проверка на местата од овој пограничен реон: да се одбележат синорите, да се изврши маркирање на теренот срамнувајќи го со картата во која е уцртана границата, односно да се изврши разграничувањето меѓу двете држави.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)