свој (прид.) - длабина (имн.)

Во право си, прифати Камилски вистина е дека има мистерии кои духот може да ги насети, но никогаш нема целосно да ги разјасни!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој од своите длабини ги извлече звуците на тоскиската албанска полифона песна.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко беше изненаден од ова неочекувано прашање на Камилски, па откако малку размисли, забавувајќи го чекорењето, рече: Тогаш човекот би останал без својата длабина!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)