Винстон несвесно застана. За само две секунди, можеби, се најде назад во полузаборавениот свет на своето детство.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Замижа. Одеднаш се најде во оној дел од родниот град, со темни калдрмени сокачиња, за кој толку често раскажуваше или го опишуваше во писмата до најблиските како магичен амбиент на своето детство.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ти истото тоа го правеше во своите детства.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Гледаше во празно и ја презираше својата младост како што го презираше и своето детство кога беше во богословијата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Но, да навратиме во предлот на своето детство, кој знае колку векови одалечено од нас. Зошто?
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Таква жаба крекачка Милан не забележа на теренот, ниту гуштер како оној што тој го знаеше во своето детство, ниту пак змија како Домаќин.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Секавично и болно се присети на еден настан од своето детство, на едната и единствена тепачка во својот живот, на тепачката со Бориса на Петка, како што го викаа децата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Марија, ја викнав. Не се огласи, Марија, Алјаска ја споменав, но не ти кажав за неа, за истражувачите и ловците со кои се сретнав во своето детство.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Се оттрга од луспата, (душата на зборот си го открива демонството.) Како Градот, така и Зборот има свое детство.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Се присети за своето детство и слатките мајчини милувки, се натажи, што на Мехмед-паша не му откина од окото. – He жалај се, Арслане.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Кога се изнаплакаа убаво, Митра почна да се чуди, a потоа, сосема преобразена, и го раскажа пак таа на Анѓа своето детство и помина на чифлигот: – Кај нас пак на чифлизите ништо нема од ова што го раскажа ти.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Постојано мислев на дедо ми, кој, како што рече татко ми, „се враќа во своето детство“.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
На сите деца коишто еден ден, кога ќе станат родители, своето детство ќе го сонуваат како незавршен сон, возбудлив и неповторлив.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
На моите деца, Гордан и Бистра, коишто со своето детство ја продолжуваат бескрајната приказна за умеењето - животот да наликува на светилник на радоста.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тој малку тажно, или само мене така ми се причини, се насмевна и рече: - Кутриот Борис, постојано се враќа во своето детство, затоа сѐ таму го наоѓаат кога ќе се загуби.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Јас, во своето детство, поминато меѓу обични, добри луѓе, често сум можел да го слушнам поздравот: „Добар ден, добри луѓе!“
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
И таа како да била пренесена во гнездото на своето детство, кога одела кај своите роднини, во Прованса.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Првиот го означуваше времето на зенитот на нејзините западни илузии, на нејзината кратка италијанска пролет, а другиот каталог, времето на источните илузии кога, со своето семејство, ја мина границата, со надежта дека, еден ден, ќе се врати во родниот Лесковик, во Солун на своето детство, во Поградец, градот на своите први рожби.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се враќаше кон солунското време на своето детство.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Двајцата постари браќа, тогаш на прагот од своите детства, се сеќаваа на настанот, но не ги знаеја овие подробности за кои Мајка, по многу, многу години ни раскажуваше, небаре сакајќи да се ослободи од некаков товар, длабоко во себе, со години потискан.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)