свој (прид.) - девојче (имн.)

Останува на судбината да ѝ го повери своето девојче, својата ќерка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој ден кога инженер Александар замина со џипот на шумарот в село да го дочека своето девојче, Бојан и Денко појдоа до Селиште да му помагаат на доктор Коста во копањето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но кругот се затвора и мајката само поцврсто го стегнува своето девојче. Таа малце премислува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога децата се доближија, тој му рече на своето девојче: - Ова е во твоја чест!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Чичкото шофер цврсто го прегрна своето девојче, насмевнат и задоволен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Додека секавиците прават ден во одајчето и таа може убаво да го здогледа своето девојче како мирно и слатко си спие, таа во себе си вели Нели еднаш ѝ простив на Мајката над Мајките?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)