свој (прид.) - двор (имн.)

По малку, дојден на себеси, тој се накашлува како што прави секој домаќин во својот двор.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И Мишко и Бојко брзо истрчаа па и тие се извалкаа во својот двор. Покрај оградата тие наредија десетина човеци.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Така и читаше: ги покануваше зборовите во својот двор, ширум отворајќи им ја капијата, потоа ги кажуваше полни со жубор. ***
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Бидете добри домаќини – бранете го својот двор!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Дел од таа цветна разновидност успеа да пренесе и во својот двор кој ја враќаше во времето на нејзиното детство, таму некаде долу на Југ.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од Белведере на Храдчани Рудолф често заедно со Кеплер или со Тихо Брахе (кои ги донел на својот двор) ги набљудувал ѕвездите, и тоа не само “астролошки”!
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Овде, градоначалникот ти пружа шанса, у текот на неколку саата, у одреден ден од неделата, да го изнесеш ѓубрето на одредено ќуше од својот двор.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Кралот Фридрих имал обичај на својот двор навечер да приредува концерти на камерна музика.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И токму му се стори дека е веќе на дофатот до својот двор, кога чу сосема јасно како нешто 'ржи недалеку од него одзади по неговата трага, и сега место сѐ друго, тој замина со уште побрз и со уште пожилав чекор на прогонет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Особено минатата неродна година, со непрестајна суша, беше пресудна за неговата одлука да ја отстрани јаловата јаболкница од својот двор.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ама Огнен беше во својот двор, стоеше до оградата и гледаше накај Дора.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дора со едната рака го придржа точакот, а со другата го исправи тротинетот и лека-полека тргна да ги турка во дворот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој го врза коњчето во својот двор и извика: - Мајко, мајко! Каде си да ме пречекаш?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кога ја втераа колата во дворот тој немаше друго објаснување освен она, дека сето ова што сега го прави го сонувал повеќе години, дури имал намера тој да засади бостан за да може еден ден и во својот двор да втера полна кола лубеници.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)