Тој не само што ја има усовршено својата дарба внимателно да го сослуша секого со сенешто, макар и најздодевна будалаштина туку е и неверојатно љубопитен, дури и за работи коишто за ништо не можат да му послужат.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Да може да ги види Ван Гог, сигурно би заборавил на своите „Јадачи на компири“ и целата своја дарба за пренесување на тагата, грижата, маката од тешкиот живот на обесправениот работник, би ја насочил кон скицирање, то ест овековечување на нивните изрази на лицата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Се пожали писателот дека во нашава животна средина скоро сите чинители на духовните добра можат да вадат парче леб од својата дарба, само писателот не.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Таа историја е во голема мера безначајна за потиснувањето на жените од страна на мажите. (4) Ако, сепак, ја отфрлиме дистинкцијата материја-свест и прибегнеме кон првата од двете дефиниции на “идеологија” наведени според Иглтон, доаѓаме во конфликт со философските гледишта за вистината, знаењето, и објективноста до кои држат најголемиот број современи интелектуалци феминист(к)и кои се надеваат да ги стават во употреба своите дарби и способности во критикувањето на маскулинистичката идеологија.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Мојот клуч не знае да ја заклучи вратата на тајното сениште зошто нема своја дарба своја душа и потонување.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)