свој (прид.) - гроб (имн.)

Потоа го испраќала малечкото во гробчето а таа си се враќала во својот гроб.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А откако, по пиењето вода, ќе се врателе на гробиштата, Трајана седнувала на плочата на својот гроб, до себе го седнувала малечкото и со пушката в скут долго, долго гледала кон населбата и кон полето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тасија и Илинка со оваа приказна за Трајана Дамческа и за малечкото од Одрена Чибукоска, кое немаше ни полни пет години, отиде дури дотаму што тврдеа дека еднаш, во време пладнина, кога отишле тие двете да налеат од Виданови Извори вода за дома, дошла и Трајана со малечкото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сега Соколе гледа дека не сака телото, ами душата е таа што сака, и ако душата не нашла љубов во животот, ќе запилкува за неа како орле за вода над пустине карпи, дури не ја најде својата гроба.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тука тие имаат свој гроб и крст со име и презиме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дека на тој начин како намерно да зачекоруваат поблиску до своите гробови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И одам понатаму. Брзам кон својот гроб во недоумение: што се случи? Кој кого?
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сите тие херои на митологијата на моќта на спокојно си се прибираат во своите гробови, секој во својот, внимателно навлекувајќи си ги одоздола над себе тешките црни мермерни плочи на кои имињата им се испишани со златни букви.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На неколку места околу нас тажеа на глас блиски над своите гробови.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тука некаде и завршува прикаската на безногиот Турчин и за оној негов ту пријател ту непријател без очи, осамен и пијан до својот гроб.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И тројцата се гледаа зачудени и малку уплашени: лицата им беа пожолтени како штотуку станати од своите гробови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
До својот гроб, ако овие тули може да му станат гроб.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но таа јаснотија ништо не менуваше во светот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Старецот полека тргна понатаму.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Подждригнувајќи, одеше кон својот гроб но на чуден начин веќе сакаше така да живее, да живее во самодоволно лешинство.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дури и тревката, онака целата проникната со страв, ја сметаше за халуцинација. ...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Маргина 37 73 Сега знаеше каде треба да оди: во својот гроб.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Откако Матвеј Николаевич умре, си дојде на себе во својот гроб, под влажната и тешка земја.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не можеле да се спасат од него со ослободувањето на здивот, не можеле ни да го воздивнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Видовитиот, некогаш Дмитариноарие, подоцна Дмитар-Пејко, припокриен со запалени гранки без пресметаност на ќумурџиско умеење, се спровирал од својот гроб во шурки чад, патувал невидлив и се враќал со свиркањето на ветрот барајќи ѝ ја трагата на дружината и наоѓајќи ја само ноќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)