свој (прид.) - грижа (имн.)

Простете што не влегувам во подробности за што би имало толку многу работи да се кажат!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Си има тој и свои грижи па треба и на нив да се мисли.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Утре ќе видиме, - пак повтори доктор Коста, занесен во некои свои грижи и размислувања.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Живее далеку и има многу свои грижи и задолженија, а и тоа чувство за нас го искажува онака како што може и умее.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Понекаде се палеше првата светилка, противставувајќи му се на почетниот сноп мрак, кој пак подмолно се вовлекуваше, легнувајќи врз градот како крадец, тивко и неосетно така што луѓето, венесени секој во својата грижа, тешко го забележуваа тоа приближување, се додека не ги сепна неговото непрјатно присуство врз погледите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа продолжуваше со својата грижа кон продолжувањето на моето пишување...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)