А кога жителите на Потковицата гледајќи во враќањето на Видана можност колку-толку да ги окајат своите гревови направени спрема мајка му и спрема сиот сој Јанчески, оставија на него, тој да реши што ќе направи со Видана, Крсте, уште и пред Акиноските да го донесат Видана, му соѕида куќа во Јасики, а кога Акиноските, во пролетта 1939-та го донесоа Видана, му издвои една крава, десетина овци, нива и ливада од своите и им нареди на жените тие да се грижат за Видановото домаќинство; да го перат Видана, да му готват и да му го вратат домазлакот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И не се запре само на тоа. Зашто болеста на Видана му беше таква, да не може да работи во полето, и покрај противењето на општинарите од Тополчани, во согласност со жителите на Потковицата, го постави за падар, да го чува нивниот синор.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Дајте ми го, да видам! Запрете со зборов, гледајте си на својот грев!
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Дојде време за Содома нова Спасителот мора пак да се врати дојде време за откровение на Јован секој за своите гревови да плати
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Типот ми создаде огромна тежина со тоа што своите гревови ги сподели со мене.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Таа мораше да остане тука, да живее со својот грев и да ја плаќа својата тајна. Ѝ беше ограничено движењето.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И во овој случај Ренџов не се крие зад нараторот туку искрено го исповедува својот грев.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Затоа ви велам: човекот живее со своите гревови од минатото и секојдневно прави нови, грешејќи им помалку на туѓинците, а повеќе на браќата и на сестрите свои, на оние што најмногу ги љуби.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И уште ви кажав дека смртниот живот е само еден од трите неопоходни чекори кон спасението, оти прво во него мораме да добиеме прошка за своите гревови од минатото, та од духовна смрт да преминеме во духовен живот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Потем, во тој наш смртен живот сега, кога осознаваме, спасението нѐ ослободува од ропството на гревот, за во иднина да бидеме избавени од Божјиот грев со нови воскреснати тела.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Го ранија в грб, не в гради, зашто не беше свртен кон нив туку кон својот грев подаден пред него како пред мрачно предупредување дека е виновен.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Треба да му е време да се оддели од своето полуизгаснато огниште и невратно да оди кај својот светец. еве, дојдов, со своите гревови, а вие златни, судете! во својата израснатост планините останаа вкочанети, бессилни да ги стресат од себе отровните магли, тие бели чалми околу голите врвови.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Покајнички бев благ по својот грев.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Но овој ѓавол како да сакаше да се ослободи од сѐ што е темно на него и во него, како да сакаше да ги совлада сите идни искушенија со нова, никогаш порано недоживеана чистота на душата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сепак, кога го споменуваше името на господа, повеќе како да се надеваше дека ќе му биде подарено спокојство отколку што се кае за некаков свој грев.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го ранија в грб, не в гради, зашто не беше свртен кон нив туку кон својот грев подаден пред него како мрачно предупредување дека е виновен.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Еве, дојдов со своите гревови, а вие златни, судете!
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Напати неконтролирано се служиш со вистината па дури и ги страдаш своите гревови!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)