свој (прид.) - гранка (имн.)

XVI Ручокот на Комисијата беше приреден на островцето обградено од бистрата изворска вода под жалните врби што своите гранки како зелени чипки ги спуштаа до земја; водата околу нив се прелеваше во зелени и светли тонови, по неа лебедите оставаа меки трагови доаѓајќи сосем блиску до огништето каде што се печеше прасето; калуѓерите се сменуваа вртејќи го раженот и плакнејќи ги лицата со студената вода; миризбата од вцрвенетото прасе што капеше на жарта, се ширеше наоколу дразнејќи им го желудникот на полковниците, игуменот, отец Иларион и отец Серафим кои седеа крај масата и пиеја; отец Серафим пак им наточи од најубавото вино, и додека чекаа да се испече прасето, им раскажуваше дека во турско време имало многу лозја во манастирот, а и во селата, зашто луѓето, за да се ослободат од големите даноци што власта им ги наметнувала за житните насади, тие нивјето ги засадувале само со лозја, зашто Турците не земале данок за лозјата, не собирале грозје, зашто не пиеле вино.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Првин ги сплеткаа своите гранки и почнаа да се задушуваат.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
На полјанката каде растеа имаа простор да раснат и да ги шират своите гранки.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Од последното, најмалото парче црно копно, дирата беше излезена и скршнуваше нагоре, губејќи ја со секој чекор својата црнина, а уште погоре таа се закопуваше во неколкуте купишта смреки, што беа покриени со снегот, но на повеќе места ги подаваа зелените вршкови на своите гранки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По девет месеци лицето ѝ пожолте како лист пред сронување од својата гранка.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Мало дрво не може да роди огромни количества затоа што нема моќ да ги донесе плодовите на своите гранки: веднаш ќе се скрши.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Почнаа, најпосле, отворено да војуваат. Првин ги сплеткаа своите гранки и почнаа да се задушуваат.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Го фати ветерот што беше на минување, го заплетка во своите гранки со ретки лисја и се обиде да зашуми некоја дамна заборавена песна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
На полјанката каде растеа имаа простор да раснат и да ги шират своите гранки.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Како да ги беа насобрале на своите гранки сите бели цветови од ланската пролет.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)