свој (прид.) - гостин (имн.)

Целосно беше снимен разговорот меѓу Ниротакис и Ема, како и видеоснимка со скандалозна содржина на полицајката со својот гостин.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со таквото сознание на Ема ѝ бликна љубов во градите, очите ѝ заискрија со почит кон госпоѓа Мариела која во тој момент се павкаше со ладалото, канејќи ја својата гостинка во трпезаријата на мала закуска.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Пиеше сега во својот стан и смуртено го славеше роденденот на својот гостин.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Името да не им се чуе, - рече дедо Иван и го вовлече својот гостин во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги шепотеше сите тие шеги кон својот гостин, а потоа го изгасна фенерчето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само не вака. Не вака, со овој свој гостин, што трепереше онака исплашено првата вечер, а после што ти даде можност да ги споделиш со него сите оние свои најоптегнати безгласности на твојата самота, сигурно дека нема да можеш, човече.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја слушаше повторно далечната тажаленка на волчото завивање во ноќта и во она, што го чувствуваше притоа, со некакви сосема ситни мравки на морниците по сета негова кожа, што се пронесуваше како лазење од секој близок лелек на гладот, тој го најде првиот допир со својот гостин.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се откажав кога го дадов свештеничкиот завет”.  „Ви кажа ли градоначалникот за нашата последна средба?” - ја смени темата есесовецот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Ќе ми дозволите ли да запалам, еминенцијо?” - рече поканувајќи го својот гостин одново да седне, седнувајќи притоа и самиот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Значи, имаш идеја! – Се израдува Добре, најдобриот човек на светот, и го прегрна својот гостин – Кажи ми ја прекрасната идеја, па да те наградам со триста награди!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Колку што беше во негова моќ се трудеше да им се допадне на своите гости.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)