свој (прид.) - година (имн.)

И навистина, за своите години Неда беше преразвиена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Буен и здрав, растен во природата, личен што не може да биде, премногу развиен за своите години, така што од него'бликаше здравје, сила и убавина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Двајцата родители беа многу лични за своите години, а исто така и братчето, многу фино и симпатично дете.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Трите убавици беа на различна возраст. Но, секоја со својата убавина за своите години.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Уживателот често може да изгледа помлад за своите години.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Клетките на уживателите на хероин се во постојан процес на сушење и повторно растење.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Злокобната белина на големите и до непца разголени заби како со кремен ги искрса зборовите: „Да не ти се скинало копче на панталоните?“ Како трска по удар на ветар човекот се исправи пребрзо за своите години и верската смиреност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Да потпораснеш, да се напласти снег повисок од твојот бој, утринум рано со бадник и со торбуле да чукнеш на вратата на дета ти, тетка ти, да ги затечеш покрај огниште, да им бакнеш рака, да те благословат; нешто потоа, како во сон да видиш една огромна смрзната река во која се фрла крстот и по него се фрлаат и неколкумина за да и на овие свои години пак да не можеш да сфатиш дека сето тоа било една обична рекичка, мал јаз, еден поп и еден огромен крст и молитви што се издигаат до небесата...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Го гледав како се движи, можам да речам, пргаво за своите години и за својот статус на гостин. Да се рече подостарел, е малку.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Борис беше едно за своите години многу крупно и нападно дете и другар со еден Николче, исто така крупно и несмасно дете коешто со својот глас ги надвикуваше сите деца во училишниот двор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Добро дете беше Орде и многу решително за своите години.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Но Марко Проказник се изменил и им се доближил со брчките на своите години: Стана некако лесно и го стегна олабавениот колан.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Неотпорот понекогаш и мене ме зафаќаше, ме тркалаше по кривата нерамна калдрма кон широчината, чиниш ќе ме искрши од слепиот ѕид ишаран од раката на инспекторовиот син со зборови што не требаше да ги знае во своите години.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа високо момче со предолг нос за своите години веруваше премногу во себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Жабата ви се држи фантастично за свои години.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Катер гротескно го полни текстот со сите можни знаци и белези на гејството што може да ги смисли – освен со хомосексуална желба.240 Нејзиниот раскажувач вака го опишува Пол: Алиштата му беа малку прераснати, а мркото кадифе на јаката од раскопчаниот мантил му беше изабено и лито; но и покрај сѐ, имаше во него некоја гиздавост, па на црната убаво врзана вратоврска си носеше опална игла, а на реверот црвен каранфил...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Пол беше височок за свои години и многу беше тенок, со дигнати, збиени раменца и со тесни гради.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со оглед на своите години кога на човека, како движењата и мислите, така и волјата нешто да преземе му се намалуваат и забавуваат, господинот Гроздановски сè повеќе размислуваше за тоа што го снашло, но уште не знаеше што е тоа што би можел да го стори за да се извлече од положбата во којашто се наоѓаше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)