свој (прид.) - гнездо (имн.)

Пораката беше усна и гласеше: Се слуша дека Хилмипаша веќава бераети за сите оние востаници што немаат крвни злочини.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— На кого?... На тој што го имаше и досега, — на султанот, — потфрли и не сакајќи Сарафов, кој веќе беше решен да се прибере во своето гнездо во Софија, каде што го чекаше пријатен пречек на неговите работодатели и награди за успешно свршената работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Седеше осамен во своето гнездо сместено во дупката на една шуплива круша.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Како чавка која чува светликави предмети во своето гнездо, привлечена од нивната уникатност, тој умееше да биде добар пријател како протагонистот Чавка од еден стар југословенски филм.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Најди си свое дупче и свое одајче, свое гнездо.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во ќошињата на тремовите и во некои напуштени куќи, во одаите со искршени прозорци, веќе почнуваа да ги градат своите гнезда.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Птиците и другите мали животни, кои секогаш беа гласни кога уживаа во бавчите на Адам, се повлекоа во своите гнезда и легла и му дозволија на дождот да го опсади нивниот рај.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа имаше слушнато дека мајките-птици ги напуштаат своите гнезда ако на своите младенчиња го почувствуваат мирисот на човекот, па затоа се плашеше да го допре лубеничето за да не биде, на сличен начин, напуштено од мајката-ползавец.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сѐ прави Џемал-ага да си го зачува своето гнездо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
21. КУКАВИЦАТА КУКА ОТИ СВОЕ ГНЕЗДО НЕМА - а човекот, да не биде тратен, залче леб апне и се втурнува во полето дрва и кал да зема па такво гнездо, кукавичино, да направи запне...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Оставајќи ја мајката да е поблиска со децата, Гого го следеше нивниот развој и со скриена надеж и со потиснат страв за нивната иднина - свесен сè повеќе дека му бегаат од раце и летаат кон некое свое гнездо, кое веќе не беше негово.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ноќта завива мирно, сѐ ќе стивне: И птичките во своите гнезда, и децата во лулката...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)