Уште тогаш, додека сите нејзини соученички веќе имаа момчиња, а момчињата веќе имаа по неколку девојки, таа сѐ уште чекаше да ѝ се случи првиот бакнеж. (Никогаш во животот нема да може да си објасни што е тоа што неа ја задржуваше да тапка неколку чекори зад животните искуства на својата генерација).
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во минатото, барем, отсекогаш сум инсистирал дека да се биде геј апсолутно нема никаква нужна врска со ништо друго освен со геј- сексот.
По тоа, мислам, дека бев типичен за својата генерација – односно, типичен за геј- мажите што излегоа од плакар на средината од 1970-тите, шест години по Стоунволскиот бунт во 1969 година, во времето на геј- ослободувањето што тие безредија го воведоа и кога во најголемите градови се појавија нови општествени геј- светови.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)